| Macedonian
Европските резервите на гас на најниско ниво во последните пет години
Европа не се соочува само со проблем со гасот, бидејќи залихите на дизелот, важен за транспортот, индустријата и греењето исто така паднаа на најниско ниво од 2022 година
Европските резервите на гас на најниско ниво во последните пет години
Европа мора да се натпреварува со Азија, која е поагресивен купувач во моментов, за ограничените количини гас на глобалниот пазар

Европа се приближува до зимската сезона со резерви на природен гас на најниско ниво во последните пет години, додека конфликтите на Блискиот Исток и ограничените залихи на течен природен гас (ЛНГ) го зголемуваат ризикот од понатамошни ценовни шокови.

Податоците од пазарните аналитичари покажуваат дека европските капацитети за складирање на природен гас во моментов се полни околу 55 проценти, што е најниско ниво за овој период од годината од 2021 година, според анализата на Ројтерс.

Сегашното ниво на залихи не значи непосредна закана од недостиг, но пониското ниво на резерви ќе ја зголеми зависноста на Европа од временските услови и стабилноста на меѓународниот пазар, се додава во анализата.

Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гасовод од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година и стана еден од најголемите светски увозници на течен природен гас (ЛНГ), што создаде нови предизвици бидејќи сега мора да се натпреварува со Азија за ограничените количини гас на глобалниот пазар.

По ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран, европскиот увоз на течен природен гас се забави, додека Азија се врати на поагресивно купување.

Според податоците за пазарот, европскиот увоз на течен природен гас во јули би можел да падне на околу 6,3 милиони тони, што е најниско ниво од септември 2024 година.

Особено загрижувачка е ситуацијата со Катар, еден од најголемите светски извозници на течен природен гас.

Пред кризата, земјата учествуваше со приближно една петтина во глобалното снабдување со течен природен гас, а секое нарушување во Ормускиот Теснец би можело да го отежни снабдувањето уште повеќе.

Сепак, Европа не се соочува само со проблем со гасот, бидејќи пазарот на дизел, важен за транспортот, индустријата и греењето, е исто така растечки предизвик.

Залихите на дизел во Европа паднаа на најниско ниво од 2022 година, додека нарушувањата на Блискиот Исток ја намалија достапноста на увоз.

Доколку зимата е блага, Европа ќе успее да избегне посериозни проблеми, но подолг период на студено време значително би ја зголемил потрошувачката и би создал притисок врз енергетскиот систем, се заклучува во анализата.

Повеќе
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“