Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев денеска разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије.
За време на разговорот, Ердоган истакнал дека Туркије и Азербејџан дополнително ќе ја зајакнат својата соработка, потпирајќи се на своите братски врски, се наведува во објавата на Дирекцијата на платформата X.
ПРЕПОРАЧАНО
Ердоган, исто така, му честиташе на Алијев за 35-годишнината од независноста на Азербејџан.
Според Дирекцијата, турскиот претседател го покани Алијев да присуствува на 13-тиот самит на Организацијата на туркиски држави, кој треба да се одржи во Анкара.




















