| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
ПСЖ против Челзи, Реал пак на мегдан со Сити во осминафиналето на Лигата на шампиони
Лондонски Арсенал на денешната ждрепка доби „награда“ за освојувањето на првото место во лигашкиот дел и ќе има малку полесен пат преку Баер Леверкузен до полуфиналето за разлика од останатите конкуренти за европската титула
ПСЖ против Челзи, Реал пак на мегдан со Сити во осминафиналето на Лигата на шампиони
Првите средби ќе се играат на 10 и 11 март, а реваншите се на 17 и 18 март / Reuters
27 февруари 2026

Во Нион беа извлечени паровите за осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони, а во оваа фаза ќе има спектакуларни дуели како Реал Мадрид- Манчестер сити и ПСЖ- Челзи.

Останатите парови се Бодо/Глимт- Спортинг Лисабон, Њукасл- Барселона, Галатасарај- Ливерпул, Атлетико Мадрид- Тотенхем, Аталанта- Баерн и Баер Леверкузен- Арсенал.

Првите средби од двобоите ќе се играат на 10 и11 март, а реваншите се на 17и18 март.

Лондонски Арсенал на денешната ждрепка доби „награда“ за освојувањето на првото место во лигашкиот дел и ќе има малку полесен пат до полуфиналето за разлика од останатите конкуренти за европската титула.

Осминафинална пречка на Арсенал му е Леверкузен и тука јасно е дека премиерлигашот е голем фаворит, а потоа ако ги минат Германците, Топчиите во четвртфиналето ќе играат со подобриот од Бодо/Глимт- Спортинг Лисабон и пак ќе бидат огромни фаворити барем на хартија.

Ова е „отворен пат“ до полуфиналето за Арсенал, за разлика од маките кои ќе ги имаат, на пример, ПСЖ, Манчестер сити или Реал Мадрид.

За да дојде до полуфинале, актуелниот првак ПСЖ ќе мора да ги елиминира Челзи и веројатно Ливерпул, а Сити или Реал прво ќе се „чистат“ во меѓусебен дуел како и секогаш во последните 6-7 години и потоа ќе имаат тешко четвртфинале веројатно со Баерн Минхен.

Барселона може да биде задоволна бидејќи подобро е да играат осминафинале со Њукасл отколку со ПСЖ, потоа би имале четвртфинале со стариот ривал Атлетико или со друг премиерлигаш, а можно е и во полуфиналето и во финалето да има ривали од островот, па теоретски до крајот Барса може да игра само со англиски екипи.

Познати се осминафиналните парови и во Лигата на Европа.

Ждрепката за осминафиналето во Лигата сакаше да има италијанска пресметка помеѓу Болоња и Рома, а интересно треба да биде и на „зелено-белото“ дерби Панатинаикос- Бетис и на Штутгарт- Порто.

Француските Лил и Лион добија ривали од Топ лигите.

Двојките се Генк – Фрајбург, Болоња- Рома, Ференцварош- Брага, Штутгарт- Порто, Панатинаикос- Бетис, Нотингам форест- Митјиланд, Селта- Лион, Лил- Астон вила.

Екипата на Самсунспор, кој првпат во својата историја е во осминафинале на европско натпреварување, а таму влезе преку елиминирање на тетовската Шкеднија, во оваа фаза ќе има битки со мадридскиот Рајо Ваљекано.

Осминафиналните двојки во Конференциската лига се: Кристал палас- АЕК Ларнака, Сигма Оломуц- Мајнц, Лех- Шахтар, Самсунспор- Рајо Ваљекано, АЗ Алкмар- Спарта Прага, Целје- АЕК Атина, Фиорентина- Раков и Риека- Стразбур.

Подобриот од дуелот Самсунспор - Рајо во четвртфиналето ќе се сретне со словенечкиот Целје или грчкиот АЕК.

Повеќе
Русија и Украина разменија по 300 војници во размена на затвореници
Арагчи: Не ги нападнавме нашите соседи, туку американските бази што се на нивна територија
Шри Ланка евакуираше екипаж на ирански брод откако американска подморница ја потопи фрегатата Дена
Јужна Кореја и САД разговараат за преместување на ракетните системи Патриот во војната против Иран
Вјоса Османи го распушти Собранието, Косово оди на предвремени избори
Трамп повика на промена на раководството во Иран, тврди дека има кандидати за „добар лидер“
Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
Речиси 100.000 лица раселени во Либан, повеќе од 100 убиени, 638 повредени
Ескалираа судирите меѓу Хезболах и Израел
Конгресот ја отфрли резолуцијата со која би се ограничила воената акција на Трамп во Иран
САД ги прекинаа активностите на амбасадата во Кувајт Сити
Шесте македонски граѓани вратени од Израел со владиниот авион
Ердоган: Немаме двоумење во обезбедувањето на границите и воздушниот простор
Стармер: Нашиот фокус е во дипломатијата, а не воена ескалација во Иран
Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви