Фудбалерите на Баерн, Атлетико Мадрид, Марсеј и Интер Милан беа особено разиграни во второто коло од Лигата на шампионите во вторникот, лесно победувајќи ги своите ривали, значително подобрувајќи ја сопствената гол-разлика.
Сепак, изнанадувањето на вечерта беше победата на Галатасарај од 1:0 против Ливерпул во Истанбул. И Галатасарај и Ливерпул го отворија натпреварот жестоко, а по неколку пропуштени можности на двете страни, домашниот тим поведе во 16. минута со голот на Осимен од пенал. Примениот гол ги принуди гостинските играчи уште посилно да го нападнат противникот, но во првите 45 минути, гостите од Ливерпул постојано пропуштаа шанси, а домашниот голман Чакир се истакна неколку пати.
Ливерпул со сите сили се обидуваше во второто полувреме да дојде до пресврт или барем бод, но на крајот си замина од Истанбул со празни раце. Најблиску до погодок беше во самиот финиш кога судијата досуди пенал за гостите, но по првоерка на ВАР, ја понипти одлуката.
Баерн гостуваше во Лимасол каде што го победи Пафос со 1:5.
По победата од 5:2 во градската пресметка против Реал пред неколку дена, фудбалерите на Атлетико имаа доволно енергија за уште една исклучителна игра и уште еден меч со пет гола. Тие го победија пред своите навивачи Ајнтрахт со 5:1.
Марсеј исто така беше убедлив, лесно победувајќи го Ајакс со 4:0.
Интер ја победи Славија Прага со 3:0 пред своите навивачи. Екипата од Прага се спротивставуваше на Интер половина час, а потоа гостинскиот голман му понуди подарок на актуелниот вицешампион во Лигата на шампионите. Тој буквално му ја подари топката на Лаутаро Мартинез, кој ја отклучи противничката брава и постигна гол за 1:0. Само четири минути подоцна Дамфрис го зголеми резултатот на 2:0.Мартинез го постигна вториот гол вечерта за конечни 3:0.
Челзи ја победи Бенфика со 1:0 на Стемфорд Бриџ без својот најдобар играч Палмер. Со тоа, Жозе Мурињо се врати, овој пат како тренер на тимот од Лисабон, на стадионот каде што имаше бројни успеси претходно во својата кариера. Натпреварот беше решен со автогол во 18. минута. Трагичар на натпреварот беше Риос.
Натпреварот на северот од Норвешка беше исклучително возбудлив, каде што Бодо и Тотенхем на крајот одиграа 2:2. Домашниот тим може да жали за победата бидејќи водеше со 2:0 до 68-та минута и го имаше фаворизираниот противник на колена.
Претходно во првите два натпревари на вечерта, Аталанта го победи Клуб Бриж со 2:1 по пресвртот во Бергамо, додека Реал Мадрид лесно го победи Каират со 0:5 на гостински терен.
Реал Мадрид го предводеше Килијан Мбапе, кој постигна три гола против Каират, додека Камавинга и Дијаз постигнаа по еден гол за „Кралевите“.
Со постигнатите три гола Мбапе стигна до бројката од 60 гола во елитното натпреварување на Стариот континент.











