| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Овации за Нејмар на неговиот прв настап за Бразил по три години
Бразилската суперѕвезда нагласи дека отсекогаш сонувал повторно да настапува за својата земја на најголемата фудбалска сцена и испрати благодарност до навивачите кои го пречекаа со овации на стадионот во Мајами
Овации за Нејмар на неговиот прв настап за Бразил по три години
Нејмар влезе во игра во 76. минута на местото на Матеус Куња, а тоа беше негов прв настап за „Селесао“ по долгата пауза предизвикана од низа повреди / AP

Бразил убедливо ја совлада Шкотска со 3:0 и го потврди првото место во групата Ц на Светското првенство 2026, но најголемо внимание привлече враќањето на Нејмар во националниот тим.

Бразилската ѕвезда доби шанса во 76. минута, кога влезе во игра на местото на Матеус Куња, а тоа беше негов прв настап за „селесао“ по долгата пауза предизвикана од серијата повреди.

По натпреварот, емотивниот Нејмар не го криеше задоволството што повторно го облече дресот на својата репрезентација.

„Прекрасно е чувството да се вратиш. Навистина сум среќен, задоволен и многу емотивен. Кога судијата означи крај, погледнав кон моето семејство. Тие беа покрај мене во текот на целата борба и знаат низ што поминав за повторно да бидам овде“, изјави Нејмар.

Бразилецот нагласи дека отсекогаш сонувал повторно да настапува за својата земја на најголемата фудбалска сцена и испрати благодарност до навивачите кои го пречекаа со овации на стадионот во Мајами.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што нѐ поддржуваат. Посебна благодарност до навивачите кои денес го скандираа моето име. Тоа е чувство кое тешко може да се опише со зборови. Сосема поинакво е кога повторно ќе го доживееш, а навистина е прекрасно“, додаде бразилската суперѕвезда.

Враќањето на Нејмар на Светското првенство предизвика вистинска еуфорија меѓу навивачите на стадионот „Хард Рок“, кои со овации и скандирања ја поздравија бразилската ѕвезда.

Публиката уште пред неговото влегување постојано го повикуваше неговото име. Секое појавување на неговиот лик на големиот екран предизвикуваше громогласни реакции, а атмосферата кулминираше кога излезе да се загрева покрај аут-линијата.

Во изминатите недели, неговото враќање во националниот тим беше предмет на бројни дебати во Бразил. Дел од јавноста сметаше дека не требало да биде повикан поради повредата, додека други веруваа дека неговото присуство е неопходно, дури и ако добие ограничена минутажа.

Селекторот Карло Анчелоти одлучи да му даде шанса во 75. минута, кога Бразил веќе целосно го контролираше натпреварот.

Во моментот кога Нејмар стана од клупата, стадионот експлодираше од воодушевување.

Бразилскиот ас влезе на теренот гледајќи кон небото и со кренати раце, а по последниот судиски свиреж не можеше да ги сокрие емоциите. Со солзи во очите ги поздрави навивачите, кои уште еднаш му приредија стоечки овации.

Иако немаше значително влијание врз играта во преостанатите минути, неговото враќање претставуваше еден од најемотивните моменти на досегашниот тек од Светското првенство.

Тренерот на Бразил, Карло Анчелоти рече дека Нејмар заслужуваше шанса.

„На Нејмар не му е потребна мотивација за да игра, на ниту еден играч не му е потребна мотивација за да го носи бразилскиот дрес. Тој има 34 години и сè уште има иста страст како на млад човек. Доби шанса да игра затоа што ја заслужуваше, работеше напорно за да се опорави. Мислам дека на ова Светско првенство, со оглед на неговите квалитети, може да му помогне на тимот. Играше само неколку минути, но играше добро“, рече бразилскиот селектор.

Со 129 настапи за бразилската репрезентација, Нејмар е втор на вечната листа по бројот на одиграни натпревари, зад легендарниот Кафу, кој има 142 настапи. Воедно, со 79 погодоци, тој е и најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација.

Повеќе
Куртулмуш повика на сеопфатни реформи низ целиот исламски свет
Данска: Разговорите за Гренланд со САД би можеле да завршат со договор до крајот на годината
Лавров: Русија нема да се согласи на примирје во Украина заради мировни преговори
Трамп му рекол на Нетанјаху: „На сите Евреи им е преку глава од тебе“
Ердоган: Мирот ќе преовлада и покрај израелските провокации
Радев: Американските воени авиони го напуштаат аеродромот во Софија кон крајот на месецот
Заврши судењето на Нетанјаху за корупција по 98 судски рочишта
Рубио ја потврди посветеноста на САД за ОАЕ и заливските земји по војната со Иран
Убиено палестинско дете во израелските напади врз Газа
Трамп: Преговорите со Иран ќе завршат ако воведат давачки за бродовите
Русија најави нова рунда разговори со САД до крајот на летото
Хакан Фидан во Канада: Фокус на трговијата, енергетиката и зајакнувањето на билатералната соработка
Италијански експерт предвидува дека европскиот топлотен бран би можел да продолжи до крајот на јуни
Џозеф Аун: Разговорите со Израел се одвоени од средбите меѓу САД и Иран во Швајцарија
Чавушоглу: ЕУ треба да биде отворена и искрена со земјите кандидати