Три лица загинаа во рукиот напад врз Харковскиот регион
Шефот на регионалната воена администрација на Харковскиот регион, Олег Синегубов, во објава на Телеграм изјави дека нападот синоќа оштетил повеќекатници и уништил голем број автомобили во центарот на Балаклава
Три лица загинале, а десет се ранети во руски ракетен напад врз украинскиот град Балаклава во текот на ноќта, меѓу кои и тројца тинејџери, додека уште еден тинејџер е ранет во градот Изјум во Харковскиот регион, соопштија денес регионалните власти.
Шефот на регионалната воена администрација на Харковскиот регион, Олег Синегубов, во објава на Телеграм изјави дека нападот синоќа оштетил повеќекатници и уништил голем број автомобили во центарот на градот, пренесува Укринформ.
Шефот на воената администрација во градот Балаклава, Виталиј Карабанов, во објава на Телеграм изјави дека меѓу повредените во рускиот напад има тинејџери, а дека девет од повредените лица се примени во болница на лекување.
Делови од Харковскиот регион и градот Изјум на југ, останаа без електрична енергија во текот на ноќта како резултат на руските напади, во кои еден тинејџер (14) беше повреден.