Какви се прогнозите на Светска банка за економски раст на Западен Балкан?
РЕГИОН
2 мин читање
Какви се прогнозите на Светска банка за економски раст на Западен Балкан?Според најновиот извештај на Светска банка, за да се одржи напредокот кон приближувањето до Европската Унија, регионот мора да се фокусира на отворање на квалитетни работни места.
Какви се прогнозите на Светска банка за економски раст на Западен Балкан? / TRT Balkan

Реален раст на БДП од 3,1 отсто во 2025 година, од 3 проценти во 2026-та и од 3 отсто во 2027 година се проценките на Светска банка за земјава. Според последниот извештај, разликата во процентни поени од проекциите во пролетниот извештај за 2025 година е во нагорна линија и изнесува 0,4, 0,3 и 0,2 за овие три години.

Проценките и прогнозите ги отсликуваат податоците достапни до 20 септември 2025 година.

Според Светска банка, економскиот раст во Западен Балкан се очекува умерено да забрза во 2026 година и да закрепне до 2027, поддржан од зголемувањето на инвестициите и постепено опоравување на извозот. Според најновиот извештај на Светска банка, за да се одржи напредокот кон приближувањето до Европската Унија, регионот мора да се фокусира на отворање на квалитетни работни места. 

„Економскиот раст во Западен Балкан во 2025 година забави бидејќи инфлацијата предизвика намалување на потрошувачката, а зголемената несигурност ги ограничи трговијата и инвестициите и покрај постојаниот раст на платите и на кредитите. Фискалната политика, иако до некаде олабавена, и понатаму е дисциплинирана со дефицит под 3% и јавен долг на надолна траекторија. Редовниот економски извештај за Западен Балкан проектира дека просечниот регионален раст во 2025 година ќе достигне 3,0% што е за 0,2 проценти поени помалку од пролетната проекција. Растот се предвидува да се зголеми на 3,1% во 2026 и на 3,6% во 2027 година.“

Како што вели Шаокинг Ју, директор на дивизија за Западен Балкан во Светска банка, Западен Балкан напредува во намалувањето на развојниот јаз во однос на напредните економии на Европската Унија, но растот сепак не е доволен за да се затвори овој јаз.

„За да му се помогне на регионот, важно е да се преформулираат стратегиите за работни места: охрабрување на поголемо учество на пазарот на труд, подобрување на вештините на населението и раст на фирмите преку дигитални надградби“, истакнува Ју.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа