| Macedonian
Започна „Недела на иновации на Туркије“ со фокус на ВИ
На настанот, кој е фокусиран на вештачката интелигенција (ВИ) и развојот насочен кон човекот, претседателот на TIM, Мустафа Ѓултепе, нагласи дека човекот мора да остане во центарот на технолошката трансформација
Започна „Недела на иновации на Туркије“ со фокус на ВИ
Започна „Недела на иновации на Туркије“ со фокус на ВИ

„Недела на иновации во Туркије“ (TIW) 2026 ги отвори своите врати во четвртокот, собирајќи на едно место глобални деловни лидери, научници и претприемачи во рамките на 13-то издание.

Овој тридневен настан е организиран од Турското собрание на извозници (TIM), со поддршка на Министерството за трговија.

На настанот, кој е фокусиран на вештачката интелигенција (ВИ) и развојот насочен кон човекот, претседателот на TIM, Мустафа Ѓултепе, нагласи дека човекот мора да остане во центарот на технолошката трансформација, особено во време кога алгоритмите и машините сè повеќе влијаат врз деловното одлучување.

Овогодинешниот настан, кој се одржува под темата „Човештво 6.0“, опфаќа дискусии за довербата во ерата на вештачката интелигенција, новите корпоративни организациски структури, променливите правила на пазарната конкуренција и идната улога на човекот.

„Туркије поседува производна експертиза, индустриска инфраструктура и претприемачка сила неопходни за да стане еден од 10-те најголеми извозници во светот. Сега, мораме дополнително да ги развиваме овие капацитети преку поголеми иновации, поинтензивно истражување и развој и напредни технологии“, изјави тој.

Ѓултепе истакна дека Туркије повеќе од двојно го зголемила извозот на производи со средна и средно-висока технологија, при што овој сектор минатата година остварил приход од речии 100 милијарди евра. Тој исто така напомена дека во текот на изминатите 13 години, Туркије напредувала за 23 места на Глобалниот индекс на иновации, но повика на понатамошен развој на домашните технологии, нагласувајќи дека идните идеи треба целосно да бидат осмислени, програмирани и реализирани во рамките на Туркије.

Ѓултепе додаде дека 65 отсто од младите во Туркије, на возраст од 16 до 24 години, користат генеративна вештачка интелигенција, додека само 14 отсто од компаниите моментално ја применуваат.

Од друга страна, фирмите кои сè уште не користат вештачка интелигенција како главна причина го наведуваат „недостатокот на експертиза“ – која е неопходна за воведување на оваа технологија.

Повеќе
Кинески шеф на дипломатијата првпат во Хрватска по 33 години
Куртулмуш: Mеѓународната заедница да дејствува против израелските прекршувања на меѓународнoто право
ОН предупредуваат на висок ризик од повторна војна во Газа и ескалација на окупираниот Западен Брег
Недостигот на одбранбени проектили на САД може да трае до 2030 г., предупредил разрешениот генерал
Руски напади со дронови оставија 370.000 луѓе без струја во украинскиот регион Волин
Сите осомничени за бомбашките напади во Рејханли во 2013 година сега се во притвор
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
Фон дер Лајен: Русија не го испочитува енергетскиот прекин на огнот, потребен е поголем притисок
Белгија годинава ќе ѝ испорача 10 борбени авиони Ф-16 на Украина
Фидан: Односите меѓу Туркије и Азербејџан се градат врз непоколебливо пријателство и братство
Бразил воведува пократка работна недела од 44 на 40 часови без намалување на платите
Пентагон ќе објави извештај за нападот врз училиштето во Иран по среднорочните избори
Путин: Русија одговара на украинските напади врз енергетски објекти
Израелски окупатори нападнаа берачи на маслинки и запалија три возила на Западниот Брег
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки