| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Медиуми: Израел се залага за продолжување на војната со Иран, разгледува опции со САД
Израел пренел порака до Вашингтон во која го изразува својот интерес за продолжување на воената акција, со аргумент дека војната со Иран завршила порано отколку што требало, тврди денес израелскиот јавен сервис КАН
Медиуми: Израел се залага за продолжување на војната со Иран, разгледува опции со САД
КАН, исто така, тврди дека едно од разгледуваните сценарија вклучувало ограничени американски напади врз ирански капацитети за гориво и енергија / AP

Израелски и американски воени претставници во текот на изминатата недела одржаа разговори за можни сценарија за обновување на воената акција против Иран, при што Тел Авив притиска за продолжување на конфликтот, тврди денес израелскиот јавен сервис КАН.

Јавниот сервис објави дека високи израелски воени функционери и претставници на Централната команда на САД (ЦЕНТЦОМ) дискутирале за можни обновени операции против Иран, заедно со други американски опции, вклучително и зајакнување на поморската блокада во Ормускиот Теснец како дел од таканаречениот „Проект Слобода“.

Според наводите, Израел пренел порака до Вашингтон во која го изразува својот интерес за продолжување на воената акција, со аргумент дека војната со Иран завршила „порано отколку што требало“.

КАН, исто така, тврди дека едно од разгледуваните сценарија вклучувало ограничени американски напади врз ирански капацитети за гориво и енергија, со цел да се изврши притисок врз Техеран да се врати на преговорите и да се откаже од својата нуклеарна програма.

Јавниот сервис известува дека Израел се подготвил за можна одмазда од страна на Иран, вклучително и нови ракетни напади врз израелска територија доколку борбите продолжат.

Израелските претставници цитирани од медиумот велат дека американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со две главни опции: обновување на воената акција – патека поддржана од премиерот Бенјамин Нетанјаху или зајакнување на поморската блокада во Ормускиот Теснец.

Според овој извор, вчера израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјавил: „Подготвени сме за можноста набрзо повторно од нас да се бара да дејствуваме во Иран.“

Регионалните тензии ескалираа откако САД и Израел започнаа напади врз Иран на 28 февруари, што предизвика одмазда од Техеран насочена кон Израел, како и американските сојузници во Заливот, заедно со затворањето на Ормускиот Теснец.

Прекинот на огнот стапи на сила на 8 април преку пакистанско посредување, но преговорите во Исламабад не успеаја да резултираат со траен договор. Подоцна прекинот на огнот беше продолжен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп без утврден рок.

Во неделата Иран му го прати на Пакистан својот одговор на американскиот предлог за ставање крај на војната, но Трамп го отфрли како „целосно неприфатлив“.

Повеќе
Лавров: Индија може да посредува во односите меѓу Иран и арапските држави
Мерц го повика Иран да се врати на преговорите со САД за прекин на војната
Трамп разговараше со јапонската премиерка Такаичи по посетата на Кина
Блумберг: ОАЕ неуспешно се обидоа да ги обединат земјите од Персискиот Залив да го нападнат Иран
Путин следната недела ќе ја посети Кина, неколку дена по посетата на Трамп
Скандалозни најави на Бен-Гвир: Израел планира да гради нелегални населби и во Либан
Арагчи: Иран нема доверба во САД, ќе преговараме само ако се сериозни
Трамп: Нема да бидам уште многу трпелив со Иран
Кина вели дека „нема смисла да се продолжи“ војната со Иран додека Kси е домаќин на Трамп
Макрон: Франција во Африка е надмината од Кина, Туркије и САД
Политичка криза во Летонија: Премиерката Силина поднесе оставка
Може ли средбата Кси-Трамп во Пекинг да ги стабилизира енергетските и безбедносните шокови во Азија?
Синхуа: Кси го предупредил Трамп за можен конфликт ако прашањето за Тајван не се реши правилно
Белата куќа: Кси и Трамп се согласија дека Ормускиот Теснец мора да остане отворен
Владата на Јемен договори најголема размена на затвореници со Хутите
Арагчи: Не постои воено решение што ќе го скрши Иран
Самит на Брикс во Индија: Блокот ќе има стабилизирачка улога во тековните конфликти
Трамп: Односите меѓу САД и Кина ќе се подобрат од кога било
Туркије го осуди израелскиот упад во џамијата Ал-Акса
Пет работи што треба да ги знаете за посетата на Трамп на Кина