| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Иран пак ја предупреди Софија за распоредувањето на американски воени авиони во Бугарија
Портпаролот на иранското МНР изјави дека оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да ја сносат одговорноста за опасната одлука да се сместат американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази
Иран пак ја предупреди Софија за распоредувањето на американски воени авиони во Бугарија
Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов смета дека Иран нема да изврши ракетен напад врз Бугарија, но рече дека сè е можно

Министерството за надворешни работи на Иран денеска издаде трето последователно предупредување до Бугарија, откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за поддршката на американските воздухопловни сили.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, во соопштение објавено на социјалните мрежи изјави дека „оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да ја сносат одговорноста за опасната одлука да се сместат американски авион за полнење гориво во нивните воени бази“, пренесува Еуроњуз.

Багеи додаде дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај на бугарска поддршка за САД, наведувајќи дека слични одлуки биле донесени и претходно со цел „поддршка на американските воени операции против Иран“.

„Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија. Со децении, односите меѓу нашите два народа се темелат на меѓусебно почитување“, додаде Багеи.

Последното предупредување од Иран до Бугарија дојде неколку дена откако Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер Румен Радев за одлуката на бугарскиот парламент да им дозволи на американските авиони за полнење гориво да ги користат бугарските воени бази.

Бугарскиот министер за одбрана Димитар Стојанов изјави за бугарската телевизија БТВ дека не е загрижен за можноста Иран да изврши ракетен напад врз Бугарија, иако додаде дека „сè е можно“.

Зборувајќи за стравувањата од потенцијални терористички напади, Стојанов рече дека ризикот сега е помал отколку кога американските воени авиони беа стационирани на цивилниот аеродром.

Повеќе
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ
Иран: Шест брода се обиделе да поминат низ „нелегална и небезбедна“ маршута низ Ормускиот теснец
Започна Младинската работна акција „Нови Пазар 2026“
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори