| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
„Договорот од Мека не е само проширување на посебните пријателски односи меѓу трите земји, туку и конкретен производ на регионалната одговорност, која е сè попотребна во нашиот регион“
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“ / َAA

Договорот за заедничка одбрана од Мека, склучен меѓу Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан, има цел да ја зајакне регионалната безбедност преку соработка и колективна одбрана, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Туркије.

„Договорот од Мека не е само проширување на посебните пријателски односи меѓу трите земји, туку и конкретен производ на регионалната одговорност, која е сè попотребна во нашиот регион“, изјави амбасадорот Левент Ѓумрукчу пред Комисијата за надворешни работи на турскиот Парламент.

Ѓумрукчу го поднесе Договорот на одобрување пред Комисијата и турскиот Парламент, додека пратениците продолжија со разгледувањето на предложената законска регулатива.

Тој потсети дека договорот е потпишан во Мека на 7 август од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, саудискиот престолонаследник и премиер Мухамед бин Селман и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф.

Тој наведе дека Саудиска Арабија и Пакистан веќе ги завршиле своите интерни процедури за ратификација и ги доставиле потребните официјални известувања.

Ѓумрукчу истакна дека договорот претставува почетен чекор кон воспоставување регионална безбедносна рамка заснована на соработка и колективна одбрана, додавајќи дека трите земји имаат цел да преземат одговорност за справување со регионалните предизвици, наместо да чекаат решенија однадвор.

Тој рече дека оваа рамка има цел да придонесе не само за безбедноста на трите потписнички, туку и за безбедноста на поширокиот регион, преку зајакнување на дијалогот и соработката засновани на меѓусебна доверба, како и преку промовирање трајна стабилност.

Ѓумрукчу нагласи дека договорот е од чисто одбранбен карактер и не е насочен против ниту една земја.

Тој изјави дека договорот е отворен за сите земји во регионот кои го почитуваат меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на државен суверенитет и територијален интегритет, забраната за употреба на сила (освен во случај на самоодбрана), мирното решавање на споровите и немешањето во внатрешните работи.

„Договорот предвидува интеграција, а не создавање блокови во регионот, промовирајќи инклузивна, а не дезинтегративна визија“, додаде тој.

Ѓумрукчу наведе дека договорот предвидува зајакнување на колективното одвраќање, одржување редовни консултации за прашања поврзани со меѓународната безбедност, како и подобрување на интероперабилноста меѓу вооружените сили на земјите преку размена на персонал, заеднички програми за обука и воени вежби. „Исто така, предвидува поблиска соработка во одбранбената индустрија, вклучително и заедничко производство и споделување на технологија, посилни заеднички напори против тероризмот и логистичка поддршка меѓу страните во спроведувањето на договорот“, рече тој.

Заменик-министерот за надворешни работи нагласи дека договорот нема ниту да ги замени, ниту да ги поткопа обврските на Турција според нејзините постојни сојузи и договори.

Тој рече дека се очекува иницијативата да го надополни учеството на Туркије во мултилатералните платформи, особено во НАТО, преку придонесување кон безбедноста и стабилноста низ поширокиот Блиски Исток и поддршка на европската безбедност во светлината на меѓусебно поврзаната природа на двата региона.

ИЗВОР:َAA
Повеќе
Мицкоски: Да бидеме земја во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот
Франција ќе побара санкции од ЕУ поради наводно руско мешање во Африка
Путин разговараше со лидерите на Норвешка и Финска за војната во Украина
„Договорот од Мека меѓу Туркије, С.Арабија и Пакистан има цел да ја зајакне регионалната безбедност“
Холандија официјално се повлекува од Евровизија 2027
Србија: Студентска листа освои 140 мандати или над 52 отсто од гласовите
Јордан: Елиминирани над 20 борци на ИСИС во операција на сириска територија
Дневни блиц вести 27.10.2026
Јужна Кореја поднесе протест до САД поради изјавите на командантот за меѓукорејската граница
Срдановиќ: Граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство
Администрацијата на Трамп повторно ќе го гони поранешниот директор на ФБИ
Напад со дрон остави големи делови од суданската престолнина без струја
Израелската опозиција повикува на гласање за крај на владеењето на Нетанјаху
Туркије по хармонизацијата за безбедноста на машините со ЕУ цели на извоз од 10 милијарди
Трамп: Изборите во Бразил изгледаат како да се наместени