| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Ер Франс и Ербас прогласени за виновни за убиство од небрежност во авионската несреќа во 2009 година
Уривањето на авионот на Ер Франс на летот АФ447 од Рио де Женеиро за Париз, се случи на 1 јуни 2009 година, кога авионот падна во Атлантскиот Океан, при што загинале сите 228 лица во него- 216 патници и 12 члена на екипажот
Ер Франс и Ербас прогласени за виновни за убиство од небрежност во авионската несреќа во 2009 година
Снимачот на гласови во пилотската кабина (ЦВР), еден од двата снимачи од летот на Ер Франс Рио-Париз пронајдена по уривањето / Reuters

Француската авиокомпанија Ер Франс и производителот на авиони Ербас се прогласени за виновни за убиство од небрежност за авионската несреќа на линијата Рио-Париз во 2009 година, во која загинаа 228 лица, меѓу кои 216 патници, јавуваат медиумите денес.

Апелациониот суд во Париз ги прогласи француската авиокомпанија и комерцијалниот производител на авиони за виновни за смрт предизвикана од небрежност на компанијa за инцидентот што се случи пред 17 години, објави јавниот сервис БФМТВ.

Уривањето на авионот на Ер Франс на летот АФ447, кој сообраќаше на релација од Рио де Женеиро до Париз, се случи на 1 јуни 2009 година, кога авионот падна во Атлантскиот Океан, при што загинаа сите 228 лица во него – 216 патници и 12 члена на екипажот.

Судот им наложи на Ер Франс и Ербас да ја платат максималната казна дозволена со закон за убиство од небрежност, која изнесува по 225.000 евра.

Судот ја донесе оваа одлука по предлог на обвинителството, кое уште на 26 ноември 2025 година побара двете компании - европскиот производител на авиони и француската авиокомпанија - да бидат прогласени за виновни за убиство од небрежност.

​​​​​​​Двете компании беа ослободени од кривична одговорност во прв степен во април 2023 година, додека истовремено ја признаа граѓанската одговорност.

Повеќе
Трамп: САД ќе испратат дополнителни 5 000 војници во Полска
Помошничка на Епстин откри тројца нови соучесници во мрежата на злоупотреби
Руте: НАТО е на посилен пат и ја анамалува зависноста од еден сојузник
Германски болници цел на масовен сајбернапад
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот
САД ја паузира продажбата на оружје на Тајван вредна 14 милијарди долари поради војната во Иран
Нападнат и запален центар за заразени од ебола во ДР Конго
Иран ги осуди санкциите на САД врз назначениот амбасадор во Либан
Рубио: Мали се шансите за договор меѓу САД и Куба
Трамп: САД ќе го преземат високо збогатениот ураниум на Иран
Судот на правдата на Европската Унија: ЕУ може да замрзне и руски средства што ги чуваат фондови
Ер Франс и Ербас прогласени за виновни за убиство од небрежност во авионската несреќа во 2009 година
Хамнеи: Збогатениот ураниум мора да остане во Иран
Дете убиено во израелски напад со дрон во Газа и покрај прекинот на огнот
Активисти од флотилата за помош за Газа, нелегално приведени од Израел, се префрлаат во Туркије