| Macedonian
КУЛТУРА
2 мин читање
„ЏАН“: Спој на ориенталните носии со модерен стил
Во Скопје се одржа промотивен настан на новата колекција на модната дизајнерка Ирина Тошева, која се истакнува со своите креации кои претставуваат спој на традиционални ориентални носии од 19. век со модерен стил
„ЏАН“: Спој на ориенталните носии со модерен стил
„ЏАН“: Спој на ориенталните носии со модерен стил / TRT Balkan

Со поддршка на Министерство за култура и туризам на Северна Македонија и во соработка со Институтот „Јунус Емре“ Скопје во Скопје се одржа промотивен настан на новата колекција на модната дизајнерка која се истакнува со своите креации кои претставуваат спој на традиционални ориентални носии од 19. век со модерен стил, Ирина Тошева, со наслов „ЏАН“, која нуди нова перспектива во модерни адаптации на алатурка носии, информираат од Институтот „Јунус Емре“ - Скопје.

„Традиционалните носии и културните елементи изложени на настанот, кој патем претставува и белег на нашата заедничка историја и култура со Северна Македонија, ни даваат на знаење дека и покрај сите различности, регионов има заеднички вкусеви и естетска перцепција и црпи од ист цивилизациски басен“, се вели во соопштението на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.

Ирина Тошева која ја претстави Северна Македонија на Летната модна школа – 2025 организирана од страна на Институтот „Јунус Емре“, преку ова свое уникатно, оригинално и иновативно дело, дизајнирано со употреба на еколошки материјали, дигитално сечење без отпад, создава не само стилски, туку и еколошки и атрактивни парчиња. Овој уникатен проект истовремено ја зајакнува и врската помеѓу минатото и сегашноста, и ја инспирира модната индустрија и љубителите на модата во насока на развојот на културна свест при одржливи практики.

Учесниците на настанот ја имаа можноста во придружба на музичка изведба од Женскиот младински хор на МКЦ во живо да ги видат делата на Ирина Тошева.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Иран порача дека нема да дозволи САД да го одредат времето на војна и мир
Тошковски: Водата во Гостивар може да се користи како техничка
Фидан разговараше за Кипар, Сирија и регионални прашања со генералниот секретар на ОН, Гутереш
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Израел одобри влез на меѓународни сили во Газа
Летонија планира да ги отстрани сообраќајните знаци што покажуваат кон Русија и Белорусија
Претседателот на Колумбија објави прекин на дипломатските односи со Куба и Никарагва
Нетанјаху денеска патува за САД, утре ќе се сретне со Трамп
Започна гласањето во првата фаза од изборите во Кашмир, управуван од Пакистан
Во мај 96,5 отсто од потрошената струја од домашно производство
Зеленски: Украина стана посилна за време на војната но не доволно за да го запре Путин
Сомнителна бомба пронајдена во близина на Сенатот на Филипините пред обраќањето на претседателот
Три лица убиени, петмина ранети во пукање на Фестивалот на храната во Сиетл
Северна Кореја го отфрли повикот на АСЕАН за денуклеаризација нарекувајќи го „глупав обид“
Си и Лула за соработката во БРИКС и Глобалниот Југ