Загинаа пилотите кои се судрија со противпожарно возило на аеродромот во Њујорк
Федералната управа за авијација (ФАА) издаде наредба за запирање на сите полетувања кон „Ла Гвардија“ поради вонредна состојба
Загинаа пилотите кои се судрија со противпожарно возило на аеродромот во Њујорк / Reuters
При судирот на патнички авион со противпожарно возило загинаа пилотот и ко-пилотот на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк
Аеродромот потоа беше затворен за сообраќај. Станува збор за воздухоплов на компанијата Ер Канада.
Федералната управа за авијација (ФАА) издаде наредба за запирање на сите полетувања кон „Ла Гвардија“ поради вонредна состојба, а затворањето на аеродромот е на сила до 18:00 часот по Гринич.
Во соопштението се наведува дека постои висока веројатност за продолжување на рокот на затворање.