| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Филмот „Диџеј Ахмет“ ќе се натпреварува за наградата „Срце на Сараево“
Филмот „Диџеј Ахмет“ од режисерот Георги М. Унковски ќе се натпреварува за наградата „Срце на Сараево“ во рамките на 31-то издание на познатиот Филмски фестивал во Сараево, кој ќе се одржи од 15 до 22 август.
Филмот „Диџеј Ахмет“ ќе се натпреварува за наградата „Срце на Сараево“
Филмот „Диџеј Ахмет“ ќе се натпреварува за наградата „Срце на Сараево“ / Others
6 август 2025

Филмот „Диџеј Ахмет“ од режисерот Георги М. Унковски ќе се натпреварува за наградата „Срце на Сараево“ во рамките на 31-то издание на познатиот Филмски фестивал во Сараево, кој ќе се одржи од 15 до 22 август.

Според досега најавеното, холивудските ѕвезди Вилем Дефо, Стелан Скарсгард и Реј Винстон ќе го добијат Почесното срце на Сараево„како признание за нивниот извонреден придонес во уметноста на филмот“.

Организаторите на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, веќе најавија дека филмот „Диџеј Ахмет“ ќе ја има својата македонска премиера во септември на затворањето на фестивалот.

Во официјалната програма на Филмскиот фестивал во Сараево е вклучена и словенечко-македонската копродукција „Фантазии“ од режисерката Кукла (Катерина Рашек), чиј македонски копродуцент е Дејан Крајчевски од „Круг филм“. Во програмата за кратки филмови е вклучен и „Берни очи“ од Ермал Гердовци, косовско-македонска копродукција.

Светската премиера на „Диџеј Ахмет“ беше на 24 јануари, на Филмскиот фестивал Санденс, каде што освои две награди, а  по прикажувањето доби одлични рецензии во две од трите највлијателни филмски списанија „Холивуд репортер“ и „Варајети“.

„Диџеј Ахмет“, на турски и македонски јазик, е драма со примеси на комедија за Ахмет, 15-годишно момче од јуручко село во Источна Македонија, кое наоѓа прибежиште во музиката и сонува да стане диџеј додека се справува со очекувањата на татко му, заедницата и неговото прво искуство со љубовта – девојка која веќе му е ветена на некој друг.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше минатата година во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател на тон Павел Јан, монтажер Михал Раих. Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. Продуценти на филмот се Иван Унковски и Ивана Шекуткоска.

Филмот „Диџеј Ахмет“ беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије: Меѓународната заедница мора да преземе чекори против загрозувачките постапки на Израел
ЕУ го казни X на Илон Маск со 120 милиони евра за прекршување на обврските за транспарентност
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Нарачките од германските фабрики се зголемиле над очекувањата
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата