Поранешниот кошаркар Владимир Цветковиќ, поранешен член на југословенската репрезентација и долгогодишен функционер на клубот Црвена Ѕвезда, почина на 85-годишна возраст, објави во среда Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Цветковиќ, роден на 24 мај 1941 година во Лозница, остави длабок белег во југословенската кошарка. Одигра 149 натпревари за југословенската репрезентација и постигна 1.276 поени, освојувајќи четири сребрени медали на големи натпреварувања - на Светските првенства во 1963 и 1967 година, Олимписките игри во 1968 година и Европското првенство во 1969 година, објави Танјуг.
Неговиот настап на Олимписките игри во Мексико во 1968 година е особено запаметен, кога погоди две слободни фрлања за победа против Советскиот Сојуз со 63:62, со што Југославија го освои првиот олимписки медал во кошарка.
На клупско ниво, тој беше еден од симболите на КК Црвена Ѕвезда, за кој играше 13 сезони и освои две шампионски титули и еден Куп на Југославија.
Подоцна беше генерален секретар на фудбалскиот клуб Црвена Ѕвезда од 1983 до 2001 година, во кој клубот освои 18 трофеи, вклучувајќи ги европските и светските титули во 1991 година. Тој беше и министер за спорт од 1992 до 1998 година.
Кошаркарскиот сојуз на Србија изјави дека времето и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна.












