| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за по 3,50 денари за литар, па новите цени ќе изнесуваат 100,50 денари за БС-95 и 102,50 денари за БС-98, соопшти Регулаторната комисија за енергетика
Од полноќ бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Дизелот, пак, поевтинува за два денари и ќе се продава по 99 денари за литар

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,86 проценти.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 поскапуваат за по 3,50 денари за литар, па новите цени ќе изнесуваат 100,50 денари за БС-95 и 102,50 денари за БС-98.

Дизелот, пак, поевтинува за два денари и ќе се продава по 99 денари за литар. Намалувањето е резултат на владината одлука ДДВ-то за ЕУРОДИЗЕЛ привремено да се намали од 18 на 10 проценти, како и на продолжената примена на намалената акциза од четири денари за литар.

Повластена даночна стапка е од привремен карактер и ќе се применува од полноќ на 15 септември до 28 септември. 

Без даночните олеснувања, растот на берзанските цени ќе донесеше значително поскапување и на дизелот. Во новата пресметка референтните цени на светскиот пазар се повисоки за 6,25 проценти кај бензините и за 6,67 проценти кај дизелот.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и ќе чини 109,50 денари за литар, додека мазутот се зголемува за 2,242 денари и ќе се продава по 48,243 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во пресметковниот период бил благо понизок, но тоа не било доволно да го неутрализира силниот раст на берзанските котации на рафинираните горива.

Повеќе
Џ.Д. Венс тврди дека Трамп нема да дозволи „вечна“ војна во Иран
Стапи на сила јапонскиот закон за воспоставување алтернативен главен град како резерва за Токио
Лавров присуствува на состанокот на Г20 во Атланта, САД
Турската амбасада во Скопје организираше прием по повод 103-годишнината на Република Туркије
Ердоган: Туркискиот свет ќе се стреми да го направи претстојниот период „Туркиски век“
Државниот завод за статистика потпиша меморандум за соработка со Турскиот институт за статистика
Израел уапси најмалку 13 Палестинци при рации на окупираниот Западен Брег
Се урна хеликоптер на ЕУФОР во близина на Брчко, тројца загинати, 12 се повредени
Трамп: Изборите беа голем срам за народот на Бразил
Дуран: Самитот во Анкара ја одразува посветеноста на туркиските држави на солидарност
Муцунски- Бланар: Словачка е против било какви двојни стандарди при пристапувањето во ЕУ
Туркије ја одбележува 103. годишнина на Републиката со свечености и прослави низ целата земја
Естонија ќе изгради околу 150 бункери во близина на руската граница
13 загинати на железнички перон во Днепар по удар на руски млазен дрон
Израел уби четворица Палестинци во напад врз владина служба во Газа