| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Четиринаесет години од смртта на првиот македонски претседател Киро Глигоров
Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.
Четиринаесет години од смртта на првиот македонски претседател Киро Глигоров
Четиринаесет години од смртта на првиот претседател Киро Глигоров / Reuters

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции. 

По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието.

На 7 март му го довери мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.

На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На претседателските избори 16 октомври 1994 година со мнозинство гласови повторно е избран за претседател на Републиката.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.

На 17 ноември 1999 година го завршува неговиот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст.

По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија. 

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука
ЕУ го поддржа договорот меѓу САД и Иран и ќе придонесе кон трајна стабилност
Трамп: Завршен е договорот со Иран, Ормутскиот Теснец е деблокиран
Бајрактар предупреди за заканата од технолошките монополисти потпомогнати од ВИ
Средба Мицкоски-Ердоган: Туркије е значаен економски и политички партнер
Проширена катастрофа: Израел пак ја отсекува Газа, продлабочувајќи ја хуманитарната криза
ЕИБ ја поддржува зелената транзиција на Туркије
„Работа од внатре“: Како Кина регрутира шпиони преку портали за вработување
Како може некој да го напушти домот на своите предци?- Чувар на јуручката култура во планините Таур
Европските и азиските земји го игнорираат геноцидот во Газа за да се снабдат со израелско оружје
Заливите на Анталија ги воодушевуваат туристите со природните убавини
Нуклеарната порака на Русија: Закана, одвраќање или знак на слабост?
Ердоган: Регионот плаќа „тешка економска цена“ за нападите врз Иран
Иран тврди дека нема да ја предаде контролата врз Ормуз, договорот може да биде потпишан во недела
Изгубеното лале од Амасја е повторно откриено во Туркије откако се сметало за исчезнато 130 години