| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Европратеници бараат истрага против претседателот на ФИФА заради наградата за мир доделена на Трамп
Педесет членови на Европскиот парламент од проевропската политичка група Да ја обновиме Европа, тврдат дека со доделување на наградата се прекршени правилата за политичка неутралност на светската фудбалска федерација
Европратеници бараат истрага против претседателот на ФИФА заради наградата за мир доделена на Трамп
Критичарите тврдат дека Инфантино ја донел одлуката без претходно да го извести Советот на ФИФА и била обид за додворување на Трамп / Reuters

Група од 50 членови на Европскиот парламент побараа од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да покрене истрага против претседателот на организацијата, Џани Инфантино, во врска со доделувањето на првата награда за мир на ФИФА на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека се прекршени правилата за политичка неутралност на фудбалската федерација.

Во писмото до ФИФА, кое го виде Политико, европратениците ја поддржаа жалбата од организацијата за човекови права ФерСквер (FairSquare), која бара од етичкиот комитет на ФИФА да ја истражи одлуката за воспоставување на годишната награда за мир и доделување на првата награда на Трамп.

Бари Ендрус, член на Европскиот парламент од проевропската политичка група „Обнови ја Европа“, кој го иницираше писмото, рече дека ФИФА треба да го „обедини светот“ со Светското првенство, но дека постапките на Инфантино го доведуваат во прашање угледот на организацијата и турнирот.

„Едноставно бараме од Етичкиот комитет на ФИФА целосно да го истражи доделувањето на инаугуративната награда за мир на ФИФА на претседателот Трамп и да обезбеди почитување на правичната постапка“, рече Ендрјус.

Според писмото од европратениците, жалбата претставува „можност ФИФА да ја покаже својата посветеност на политичка неутралност, транспарентност и одговорност“.

На Трамп му беше доделена првата награда за мир на ФИФА на 5 декември 2025 година во Вашингтон, а жалбата од организацијата ФерСквер беше поднесена неколку дена подоцна.

Критичарите тврдат дека Инфантино ја донел одлуката да ја воспостави наградата без претходно известување до Советот на ФИФА и дека признанието било обид за приближување до претседателот на САД.

Европатениците велат дека јавните изјави на претседателот на ФИФА во корист на Трамп се спротивни на статутите на организацијата, кои предвидуваат дека ФИФА останува неутрална во политичките и религиозните прашања.

ФИФА го потврди приемот на жалбата во декември, но сè уште не коментирала за барањето на европратениците, според порталот од Брисел.

Членовите на Европскиот парламент претходно ја критикуваа ФИФА за нејзината одлука да го додели Светското првенство во 2034 година на Саудиска Арабија, наведувајќи загриженост за состојбата со човековите права во земјата.

Повеќе
Парламентарна делегација на НАТО го посети турскиот гигант за беспилотни летала Бајкар
Бројот на жртви во разорните земјотреси во Венецуела достигна 1.700
Двајца припадници на Иранската револуционерна гарда убиени во терористички напад
Претседателот на Собранието, Гаши го посети Деловниот совет Туркије-Северна Македонија при ДЕИК
Лидерката на AфД: Германија треба да го прекине бојкотот на руската нафта и гас
Јенот падна на најниско ниво во последните 39 години
Нелегални израелски доселеници сакаат да заземат сто стратешки локации во окупираниот Западен Брег
Иран и Франција разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Трамп им се закани со „проблеми“ на продавачите на горива ако не ги намалат цените
Заврши Мундијалот за Холандија и Германија, изгубија на пенали од Мароко и Парагвај
СП: Бразил во судиското продолжение ја совлада Јапонија и се пласира меѓу 16 најдобри во светот
Гардијан: ЕУ од 1 јули воведува царина од три евра по артикл во пакети кои доаѓаат надвор од унијата
Макрон: Франција и Оман ќе соработуваат за деескалација на Блискиот Исток
Полска: Tрансферот на МиГ-29 во Украина зависи од договорот за технологија на беспилотни летала
Трамп: Иран побара состанок, тој ќе се одржи утре во Доха