| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Лига на шампиони: Реал го пречекува Баерн, Арсенал против Спортинг во Лисабон
Ова е 29. средба меѓу Реал и Баерн во европските натпреварувања, а мадридскиот тим е непоразен во последните девет натпревари против Баерн
Лига на шампиони: Реал го пречекува Баерн, Арсенал против Спортинг во Лисабон
Најдобриот стрелец на Баерн, Хари Кејн паузираше поради повреда на глуждот, но е во составот на Баерн, иако, не е сигурно дали ќе игра / Reuters
7 април 2026

Првите два четвртфинални натпревари од Лигата на шампионите се закажани за вечерва. Реал Мадрид го пречекува Баерн Минхен на „Сантијаго Бернабеу“, додека Арсенал гостува кај Спортинг во Лисабон.

Ова е 29. средба меѓу Реал и Баерн во европските натпреварувања, а мадридскиот тим е непоразен во последните девет натпревари против Баерн. Реал беше поуспешен во сите три претходни четвртфиналиња против овој противник.

Баерн е во подобро расположение пред овој меч, убедливо води во Бундеслигата, додека Реал беше изненадувачки поразен од Мајорка и е седум бода зад првопласираната Барселона во Примера.

Реал ќе ги нема Куртоа и Родриго, Менди е неизвесен.

„Не размислуваме за тоа да не поминеме. Постои само едно сценарио, а тоа е да го победиме Баерн и да одиме понатаму. Баерн е неверојатен, го почитуваме. Имаа извонредна сезона и се комплетен тим: бестрашен, агресивен, многу фокусиран во одбраната, со неверојатен напаѓач во Хари Кејн“, изјави тренерот на Реал, Алваро Арбелоа.

„Исходот делумно ќе зависи од тактиката, но пред сè од малите работи, како што е квалитетот на поединците. Се подготвивме за Реал и видовме што направија против Манчестер Сити. Ова е можеби најтешкиот натпревар на гостински терен, но сакаме да победиме“, рече Винсент Компани, тренер на Баерн.

Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Сити во осминафиналето, додека Баерн беше подобар од Аталанта.

Арсенал ќе се соочи со Спортинг во Лисабон, клубот за кој нивниот напаѓач Виктор Ѓокереш постигна 97 гола на 102 натпревари пред да дојде во Лондон.

Топџиите се непоразени во европските натпревари против тимот од Лисабон, а во нивната последна средба во Лигата на шампионите, Арсенал победи убедливо на гостински терен со 5:1.

„Кога ќе погледнете што направија, особено дома, начинот на кој се однесуваа во Лигата на шампионите, тимовите што ги победија, знаеме колку е натпреварот тежок. Затоа го сакаме уште повеќе“, рече Микел Артета, тренер на Арсенал, најавувајќи го натпреварот.

„Сакаме да ги претвориме нашите соништа во реалност и да продолжиме да пишуваме историја за овој голем клуб. Енергијата на нашиот стадион и нашите навивачи ќе биде клучна за создавање магична ноќ. Со тоа можеме да направиме нешто извонредно“, верува тренерот на Спортинг, Руи Борхес.

Арсенал го победи Баер Леверкузен во осминафиналето, додека Спортинг го победи Бодо/Глимт.

Во првите четвртфинални натпревари во среда, Барселона го пречекува Атлетико Мадрид, додека ПСЖ ќе игра против Ливерпул на домашен терен.

Повеќе
Ердоган му рече на Пезешкијан дека разговорите меѓу САД и Иран треба да обезбедат траен мир
Путин предложи Велигденско примирје, Зеленски го прифати
Почнува целосната примена на ЕЕС системот за влез ЕУ
Моџтаба Хамени: Управувањето со Ормускиот Проток ќе влезе во нова фаза
Мерц: Нема да го ограничиме користењето на воените бази од страна на САД
Фидан: Да продолжи примирјето во Иран, можна е саботажа на Израел
Трамп со „ултиматум“ до европските сојузници за обезбедување на Хормускиот Проток
Иранска делегација отпатува за Пакистан на преговори со САД
ОН: Се влошува трговијата со деца при конфликтот во Јужен Судан
Русија и Украина разменија останки на загинати војници
Иран издава алтернативни транзитни правци во Ормускиот теснец поради страв од мини
Пезешкијан: Израелските напади врз Либан ќе ги направат преговорите со САД бесмислени
Турски брод за дупчење пристигна во Сомалија за прва мисија во длабоко море во странство
Иранска хакерска група тврди дека го пробила телефонот на поранешниот израелски началник на армијата
Дуран: НАТО мора да се трансформира за да се соочи со предизвиците на модерното структурно војување