| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Сиљановска-Давкова укажа дека европската интеграција веќе не е само политички, туку и стратешки, економски, енергетски, геополитички, безбедносен и демографски императив, подеднакво за кандидатите и членките.
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија / Other

Во новата мултиполарна реалност мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на Амбасадорскиот совет. 

Сиљановска-Давкова потсети дека во време на слаб мултилатерализам и растечка мултиполарност, неопходни се институционални реформи на меѓународните, но и европските структури заради превенција или брз одговор на безбедносните закани, но и домашно адаптирање на новите предизвици.

Сиљановска-Давкова укажа дека европската интеграција веќе не е само политички, туку и стратешки, економски, енергетски, геополитички, безбедносен и демографски императив, подеднакво за кандидатите и членките.

Таа инсистира, како што нагласи, на предвидлив и кредибилен преговарачки процес, ослободен од билатерални условувања.

Говорејќи за улогата на дипломатската мрежа, Сиљановска-Давкова укажа дека амбасадорите се сликата за државата во регионалното, европското и светско огледало, па нивната стручност, компетентност, познавања за земјата-домаќин и способност да ги застапуваат националните интереси се суштински за кредибилитетот на македонската дипломатија.

Според претседателката, дипломатската професија бара знаење, искуство и континуирано следење на политичките, економските и општествените процеси во земјата домаќин, но и пошироко. За неа, амбасадорот не е само претставник кој ги застапува политиките на државата, туку и човек кој треба да го разбира светот на домаќинот, да ги препознава промените, да ги детектира ризиците, но и да создава можности за политичка, економска, научна и културна соработка.

Претседателката ја нагласи потребата од двонасочна и суштинска комуникација меѓу дипломатско-конзуларните претставници со МНРиНТ и Претседателот. Таа бара да заживее законската одредба низ собраниска пракса со која што, амбасадорите ќе се обраќаат пред надлежната собраниска комисија не само пред заминувањето, туку и по враќањето, презентирајќи ги постигнатите резултати.

Таа посочи дека создавањето услови младите да останат дома е многу важно и повика на реални врски со оние кои живеат и работат надвор, но и градење амбиент за враќање.

Сиљановска-Давкова исто така укажа на потребата од посилна економска, научна, технолошка и културна дипломатија, како и од поцврсто поврзување со дијаспората, како значаен човечки и интелектуален капитал.

Сиљановска-Давкова оцени дека во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, дипломатија што не е само гласник на државната политика, туку нејзин компетентен инструмент, способен да го застапува националниот интерес со знаење и достоинство.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Силни грмотевици оставија речиси 26.000 домаќинства без струја во југоисточна Франција
Белорусија ја затворa амбасадата во Финска
Романски Ф-16 уништи морски дрон во близина на гасната платформа на Црното Море
Сиљановска-Давкова: Мора да ја зајакнеме проактивната дипломатија
Јеменските владини сили нападнаа воени позиции на Хутите
Амнести интернешнал: Италија да го прекине договорот со Албанија за притвор на мигранти
Кубанскиот министер Родригез го обвини Рубио за осакатувачките санкции
Ајша Вахаб стана прва конгресменка на САД со потекло од Авганистан
Нови смртоносни израелски напади врз Газа и покрај примирјето
Извештај: Соработник на ЦИА кој се инфилтрирал во Ал Каеда се соочува со депортација од САД
Претседателот на „Бајкар“: Туркије никогаш нема да се откаже од ниедна капка од „Сината татковина“
Туркије со поддршка за Сирија против „дестабилизирачките активности“ на Нетанјаху
Туркије, Египет и Катар ги осудуваат израелските напади во Газа и повикуваат на почитување на прекин
Вештачење: Неспорно е дека на плафонот во „Пулс“ имало полиуретански сунѓер
Францускиот онколог ја нарекува персонализираната вакцина против рак на кожа „вистинска надеж“