| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Додека не се појават нормални политичари подготвени за компромис и договор, не мора да се согласуваме за сè во историјата, но никогаш повеќе нема да нè навредувате и понижувате, рече босанскиот министер за надворешни работи Елмедин Конаковиќ
БиХ протера двајца српски дипломати и се повлекува од декларацијата за регионална соработка
Како причина за одлуката, Конаковиќ го наведе ставот на српските претставници кон воениот злосторник Младиќ по неговата смрт и закопот во Белград

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, денесka сооопшти дека прогласил за непожелни двајца членови на дипломатскиот персонал на Амбасадата на Србија во Сараево, на кои им е даден рок од 48 часа да ја напуштат Босна и Херцеговина.

Конаковиќ додаде дека БиХ ја повлекува својата согласност за декларацијата за добрососедски односи и регионална соработка, која требаше да се потпише на 1 октомври во Црна Гора.

Министерот на вонредна прес-конференција изјави дека во согласност со Правилникот за прогласување за непожелни и неприфатливи лица, донел одлука да ги прогласи за непожелни воениот аташе во Амбасадата на Србија, Милан Дулановиќ, и советникот на претставникот на БИА, Дарко Максимовиќ.

„Овие две лица имаат рок од 48 часа да ја напуштат Босна и Херцеговина“, рече Конаковиќ, додавајќи дека нивните дипломатски картици ќе бидат поништени.

Тој го повика дипломатскиот кор во БиХ повеќе да не воспоставува дипломатска комуникација со Дулановиќ и Максимовиќ.

Говорејќи за причините за одлуката, Конаковиќ го наведе ставот на српските претставници кон осудениот воен злосторник Ратко Младиќ по неговата смрт и закопот во Белград, нагласувајќи дека ова, како што рече, е преминување на сите црвени линии.

Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска, почина на 27 август додека отслужуваше доживотна казна затвор изречена од Меѓународниот резидуален механизам за кривични трибунали поради воени злосторства извршени во Босна и Херцеговина. Потоа неговото тело беше префрлено во Белград, каде што се одржа комеморација и закоп.

Конаковиќ нагласи дека БиХ нема да дозволи величењето на правосилно осудените за геноцид и други меѓународни злосторства да се претставува како став на поединци.

„Ништо не е поважно. Ниту еден процес, ниту економски, ниту комерцијален, ниту општествен, ниту административен, не е поважен од она што Србија моментално го прави во БиХ“, рече Конаковиќ.

Министерот, исто така, објави дека БиХ ја повлекла својата согласност за заедничката декларација за добрососедски односи и регионална соработка, која требаше да се потпише на 1 октомври во Црна Гора.

Тој истакна дека БиХ нема да потпише таков документ сè додека, како што изјави, не се промени ситуацијата во Србија.

„Нема да потпишуваме такви декларации, празни хартии, сè додека имаме Србија каква што ја гледаме овие денови, Србија од 1990-тите, која навистина нè предупредува дека работите не се нормални“, рече Конаковиќ.

Тој додаде дека Црна Гора е информирана за повлекувањето на согласноста, нагласувајќи дека БиХ нема проблем со самиот документ, туку со сегашните односи и постапки на Србија.

Конаковиќ, исто така, најави преиспитување на систематизацијата на српската Амбасада во Сараево, односно бројот на дипломатски персонал потребен за нејзино функционирање.

Тој, исто така, рече дека Министерството за надворешни работи на БиХ ќе разгледа промена на конзуларната надлежност, како и постепено намалување на бројот на вработени во Амбасадата на БиХ во Белград, почитувајќи ги домашните процедури.

„Додека не се појават нормални политичари подготвени за компромис и договор, не мора да се согласуваме за сè во историјата, но никогаш повеќе нема да нè навредувате и понижувате“, порача Конаковиќ.

Зборувајќи за реакциите на Европската Унија на величањето на Младиќ, Конаковиќ оцени дека нивната последователно корегирана изјава сè уште не е доволно јасна и најави дека ќе испрати писмо до институциите на ЕУ со прашања за нивниот став кон јавното и институционалното величање на лицата осудени со правосилна пресуда за геноцид и други меѓународни злосторства.

Конаковиќ, исто така, рече дека БиХ ќе настојува изборите да се одржат во Амбасадата на БиХ во Србија, но додаде дека е подготвен да ги прифати последиците доколку тоа не биде можно поради новите околности.

Повеќе
Косовскиот министер за внатрешни работи осуден за фрлање солзавец во Собранието
Силјановска Давкова го честита 8-ми Септември: Нашата визија е стабилна и напредна европска држава
Владата на Србија испрати предлог до Вучиќ за распуштање на Собранието и распишување избори
Гаши: Државноста не се постигнува само со еден политички акт, државата се гради секој ден
Европската комисија без осуда на погребот на Младиќ
Воениот злосторник Ратко Младиќ погребан со воени почести во Белград
Потпишан Меморандум за институционална соработка со Катар во областа на трудот
Потпишан договор за распоредување косовски војници во Газа
Поскапуваат и дизелот и бензиите
Осма жртва од западнонилска треска
Турската министерка Оздемир Ѓокташ оствари средба со претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши
Турската министерка Ѓокташ во Скопје: Можеме да создадеме балканска мрежа на женско претприемништво
Туркије и Северна Македонија потпишаа Меморандум за соработка во областа на социјалните услуги
Обвинителството отвори истрага против осигурително друштво за перење на над 2,2 милиони евра
Кос ја откажа посетата на Србија поради глорификација на Младиќ
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет