| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Урсула фон дер Лајен: Албанија на вистинскиот пат кон Европската Унија
Поминавте многу долг пат, постигнавте напредок, но сега сакам да нагласам дека ова е прекрасен напредок и рекордна брзина и вистинско забрзување во последните три години, рече дер Лајен на прес конференцијата со премиерот Рама во Тирана
Урсула фон дер Лајен: Албанија на вистинскиот пат кон Европската Унија
Пет од шест групни поглавја веќе се отворени, планираме да го отвориме последното оваа есен, рече дер Лајен / AA

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека Албанија е на вистинскиот пат кон Европската Унија.

Дер Лајен е во официјална посета на Тирана, каде имаше средба со албанскиот премиер Еди Рама, а по состанокот одржаа заедничка прес-конференција.

Процесот на преговори со ЕУ напредува многу брзо

Премиерот Рама рече дека тој и претседателката Фон дер Лајен разговарале за сите теми од заеднички интерес.

„Претседателката и актуелната Комисија му придаваат посебно значење на Западен Балкан. Во овој поглед, разговаравме за напредокот на процесот на преговори на Албанија со Европската Унија, процес кој според наше мислење, но и од она што го слушнав од претседателлата, напредува многу успешно и многу брзо“, рече Рама.

Тој истакна дека разговарале и за новиот план за раст што е ставен на располагање на Западен Балкан, за зајакнување на соработката во регионот и за зајакнување на безбедноста во регионот.

„Се осврнавме и на прашањето за отпорот на Украина кон руската агресија и по ова прашање целосно се согласуваме дека мора да продолжиме безрезервно да ја поддржуваме Украина“, рече Рама.

Албанија ја сака Европа

Претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен, рече дека Албанија ја сака Европа.

„Мојата прва порака е сосема јасна. Албанија е на вистинскиот пат кон Европската Унија. Поминавте многу долг пат, постигнавте напредок, но сега сакам да нагласам дека ова е прекрасен напредок и рекордна брзина и вистинско забрзување во последните три години. Пет од шест групни поглавја веќе се отворени, планираме да го отвориме последното оваа есен“, рече таа.

Претседателката на ЕК, меѓу другото, рече дека целта на Албанија е да ги затвори преговорите до 2027 година, што, како што рече, е амбициозно, додавајќи дека ѝ се допаѓа амбицијата.

„Геополитичкиот момент е сега, бидејќи руската агресија против Украина го преобликуваше нашиот континент и секоја европска нација мора да го избере своето место. Албанија го направи својот избор. Вие сте целосно усогласени со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија“, рече Фон дер Лајен.

Рама и фон дер Лајен ќе учествуваат и на Инвестицискиот форум на Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан.

По Албанија, претседателката на Европската комисија ќе ја посети Црна Гора.

Повеќе
Бугарија разгледува ограничување на социјалните мрежи за деца поради насилство кај младите
Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје, едно лице почина
Рама: Не ни треба „Голема Албанија“ за да застанеме на страната на Косово
Сиљановска-Давкова до младите: Иднината се гради денес, со разбирање наместо со насилство
Превозниците дадоа рок до 1 септември: Од Брисел ќе зависи дали ќе излезат на протести
Курти: Србија ги проширува воените капацитети во функција на хегемонистичките цели
Пожарот во Круја е ставен под контрола
Вучиќ најави отворање фабрика за дронови со Израелците во средината на септември
Поднесено обвинение против 20 лица за воени злосторства против цивилното население во Ѓаковица
Државната матура годинава со просечна оценка 3,66, поништени матурските тестови на 226 препишувачи
Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен
Водата во Гостивар останува небезбедна за пиење
Бензините од полноќ поевтини, дизелот поскапува за еден денар
Притвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени кукли“
Пазар на недвижности: Бројот на продадени станови во вториот квартал зголемен за 37%
Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари
Договорот за партнерство со ЕДФ и АДФ почетна фаза на развојот на нуклеарната програма во Србија
Промовирани нови 53 офицери на Воената академија
АХВ предупредува: Високите температури го зголемуваат ризикот од труење со храна
Српскиот парламент го отфрли предлогот за недоверба на владата