| Macedonian
Седум држави кои најмногу тргуваат со Тајван
Додека траат политичките тензии околу Тајван и додека постои стравот од ескалација и појава на уште една криза во глобалната безбедност, во прилог следи преглед на седум држави кои најмногу тргуваат со островот.
Седум држави кои најмногу тргуваат со Тајван
Тајван е една од ретките економии кои имаат трговски суфицит со Кина.          Фото: Ројтерс / Others

Засилени воени вежби, секојдневни жешки политички пораки и заострена реторика помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави (САД) следеа по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси на Тајван. Самоуправуваниот остров уште еднаш се покажа како жешко прашање за односите помеѓу Кина и САД, но и за глобалната безбедност.

Кина ги продолжи своите воени вежби во близина на Тајван кои започнаа на 4 август иако требаше да завршат оваа недела. Воените вежби беа одржани од Кина како одговор на посетата на Пелоси на Тајван и покрај предупредувањата издадени од Пекинг, кој го гледа самоуправуваниот остров како своја „отцепена провинција“.

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву во вторникот рече дека Кина ги користи воените вежби како игра за да се подготви за инвазија на островот.

„Кина ги искористи вежбите во својата воена игра за да се подготви за инвазијата на Тајван“, рече Ву.

И додека траат политичките тензии околу Тајван и додека постои стравот од ескалација и појава на уште една криза во глобалната безбедност, во прилог следи преглед на седум држави кои најмногу тргуваат со островот.

Освен зголеменото ниво на воени вежби во близина на брегот на Тајван Народната Република Кина исто така до одреден степен ја прекина трговијата со Тајван. Според податоците на Статиста, една од најголемите светски бази на податоци, воведена е забрана за увоз на одредени тајвански овошја и риби и ова веројатно нема да стане извор на глобални тензии. Инаку Тајван е една од ретките економии кои имаат трговски суфицит со Кина.

Сепак она што може да е проблематично во развојот на настаните е кинеското стопирање на извозот на песок, ресурс суштински за производство на полуспроводници. Сето тоа може да се покаже како катастрофално за земјите како САД.

САД на првото место

Според податоците на Статиста, ако се изземе Кина како најголем трговски партнер, САД имаат најголема трговска размена со Тајван чија вредност е 105 милијарди долари. Околу 62 отсто од вкупниот трговски обем на САД со Тајван е од увоз од островската држава во 2021 година.

Покрај војната во Украина и влијанието на пандемијата, забраната за песок во Кина може да стане уште еден влошувачки фактор на тековниот недостиг на чипови.

Јапонија и Германија

Листата три најголеми трговски партнери ја надополнуваат Јапонија и Германија. Двете држави зависат многу од индустријата на островот, при што извозот зазема 40 отсто од трговската размена од 21 милијарда долари со Германија и 34 отсто од јапонско-тајванскиот трговски обем од 86 милијарди долари.

Австралија, ЈАР, Бразил и Саудиска Арабија

Австралија е четврта со трговски обем од 19,6 милијарди долари, а Саудиска Арабија е следна со трговска размена од 8,8 милијарди долари.

Последните две земји се Бразил со економска соработка вредна 4,3 милијарди долари и Јужна Африка со размена од 1,6 милијарди долари.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Илјадници луѓе без струја додека Велика Британија се подготвува за бурата Боело
Германскиот претседател Штајнмајер во државна посета на Кина
Ердоган: Туркије продолжува со напорите за отворање пат за мир низ регионите
Грчкиот парламент ја забрани употребата на социјалните медиуми од страна на деца под 15 години
Бугарија во недела избира претседател
Србија: Изборен молк од полноќ, победа очекуваат и студентите и Вучиќ
Најмалку 16 загинати во земјотрес во Тибет
Путин: Разговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
Сиљановска-Давкова: Нашиот долг кон предците е да градиме праведна и просперитетна држава
Јапонскиот романописец Рју Мураками почина на 74 години
Австралија санкционира 2 севернокорејски компании, „финансиски брокери“
Мицкоски: Не отстапуваме од националните интереси, но и од тоа да бидеме дел од европското семејство
Бурата „Остин“ остави над 160.000 домаќинства без струја во Франција
Русија ги отфрла обвинувањата на Нетанјаху за наводна вмешаност во антисемитска онлајн кампања
Осуммина загинаа во немири во затвори во Еквадор, соопштија властите