Се урна првата комерцијална ракета од Јужна Кореја по полетувањето
Ракетата носеше пет сателити наменети за распоредување во ниската орбита на Земјата од 300 километри
Првата комерцијална орбитална ракета на Јужна Кореја, Ханбит-Нано, се урна кратко по полетувањето поради технички проблем, соопшти нејзиниот оператор Иноспејс.
Ракетата беше лансирана од Вселенскиот центар Алкантара во Бразил во понеделник во 22:13 часот, но се урна околу 30 секунди по полетувањето, информира компанијата.
„Иноспејс“ соопшти дека ракетата паднала во означената безбедносна зона и дека не се пријавени повредени или дополнителни штети.
Пламенот беше видлив кратко по полетувањето за време на преносот во живо на YouTube од лансирањето, кој беше прекинат неколку моменти подоцна.
Ракетата носеше пет сателити наменети за распоредување во ниската орбита на Земјата од 300 километри.
Доколку мисијата беше успешна, „Иноспејс“ ќе станеше првата приватна јужнокорејска компанија што ќе постави сателит на клиент во орбитата.
Двостепената ракета била напојувана од хибриден мотор со 25 тони потисок во првата фаза и мотор со течен метан-кислород во втората фаза.
Лансирањето беше одложувано три пати од првично закажаниот датум на 22 ноември.