Воздухот во Алпите не е чист, чадот од канадските пожари стигна до Европа

Поради пожарите во Канада до крајот на мај беа евакуирани повеќе од 17.000 луѓе, пишува швајцарскиот портал Свис инфо, додавајќи дека чадот се проширил и во САД, каде што се регистрирани зголемени нивоа на загадување со ПМ честички

Концентрацијата на честички (ПМ) на врвот на Јунгфраујох во Алпите е малку над дозволената граница и изнесува 57 микрограми на кубен метар / Reuters

Воздухот во Швајцарските Алпи не е целосно чист и бистар, иако времето е сончево, а причината за ова е чадот предизвикан од големите шумски пожари во Канада, кој сега стигна до Европа.

Концентрацијата на честички (ПМ) на врвот на Јунгфраујох во Алпите е малку над дозволената граница и изнесува 57 микрограми на кубен метар, објави денес швајцарската служба Метеонјуз на платформата Икс, пренесува порталот Свис инфо.

Зголемената количина на аеросоли е видлива и на сателитските снимки, а магла е регистрирана и во градот Гемшток во кантонот Ури.

Како што објавија канадските шумски служби, имало денови кога во таа земја гореле повеќе од 200 шумски пожари.

Пожарите во Канада беа предизвикани и придонеле за нивното ширење од екстремно сув воздух и силен ветер, а до крајот на мај беа евакуирани повеќе од 17.000 луѓе, потсети швајцарскиот портал, додавајќи дека чадот се проширил и во САД, каде што се регистрирани зголемени нивоа на загадување со ПМ честички во многу земји.