| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
Западна Европа, пак, го доживеа најтоплото лето во историјата на мерењата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2003 година, а Европа како целина забележа трето најтопло лето, по оние во 2024 и 2022 година
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
Периодот јуни–август, исто така, беше еден од двата најтопли периода на глобално ниво, израмнувајќи се со рекордот поставен во 2024 година

Август 2026 година беше еден од двата најтопли месеца што некогаш се регистрирани на глобално ниво, при што температурите првпат по ноември 2025 година го надминаа критичниот праг од 1,5 Целзиусови степени, соопшти денес Агенцијата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“.

Просечната глобална површинска температура на воздухот достигна 16,9 Целзиусови степени, односно 0,85 степени над просекот за периодот 1991–2020 година, според податоците од сетот податоци ЕПА5.

Месецот беше за 1,65 Целзиусови степени потопол од проценетиот прединдустриски просек (1850–1900 година) и го израмни рекордот на јули 2023 година како најтопол месец досега регистриран во календарската година.

Периодот јуни–август, исто така, беше еден од двата најтопли периода на глобално ниво, израмнувајќи се со рекордот поставен во 2024 година.

„Август 2026 година беше исклучителен месец во евиденцијата за глобалната клима“, изјави Саманта Бурџес, стратегиска раководителка за климатски прашања во Европскиот центар за среднорочни временски прогнози.

„Тоа беше и најтоплиот август и најтоплиот месец воопшто регистриран, при што глобалните температури достигнаа 1,65 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа, означувајќи го враќањето на глобалните температури над границата од 1,5 степени“, додаде таа.

Просечната температура на површината на морето во океаните надвор од поларните региони достигна 21,07 Целзиусови степени, што е највисока вредност за август и еднаква е на рекордот за сите месеци поставен во март 2024 година.

Од „Коперник“ наведоа дека исклучително високи температури се задржале во поголемиот дел од тропскиот дел на Тихиот Океан, додека потенцијално екстремниот феномен „Ел Нињо“ продолжувал да се засилува. Рекордни температури на морето за август беа регистрирани и по должината на атлантскиот брег на Европа и во западниот дел на Средоземното Море.

Западна Европа, пак, го доживеа најтоплото лето во историјата на мерењата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен во 2003 година. Европа како целина забележа трето најтопло лето, по оние во 2024 и 2022 година.

Постојаните горештини и врнежите под просекот придонесоа за појава на големи суши и шумски пожари, при што сериозни услови на суша беа пријавени во Франција, Велика Британија, Унгарија, Романија и Србија.

Водостоите на реките, исто така, беа исклучително ниски во големи делови на Европа, како оние на реките Рајна, Дунав, Јужен Буг и Днепар. Површината на морскиот мраз на Арктикот беше дванаесетта најмала регистрирана за август, а површината на морскиот мраз на Антарктикот беше четврта најмала.

Повеќе
Бројот на барања за азил во Европската Унија падна на најниско ниво од 2021 година
Турските пилоти ја започнаа обуката за летање во рамките на набавката на „Еурофајтер тајфун“
Двајца државјани на Азербејџан загинаа во напад со дрон врз брод во Црното Море
Мерц: Нема знаци дека ќе заврши војната во Украина и покрај иницијативата на САД
Судот во Хонг Конг пресуди во корист на поранешна новинарка на „Волстрит џурнал“
Тројца загинати и над 30 повредени во руско-украинските воздушни напади
Иран нанесе штета на американски воени авиони во Јордан
Четворица Палестинци од исто семејство убиени во израелски напад
Претседателот на САД: Ќе го преименуваме Ормутскиот Теснец во Теснецот на Трамп
Иран ги осуди нападите на САД врз комерцијални бродови
Не успеа конституирањето на Собранието на Косово, седницата продолжува во петок
Лидерите на кипарските Турци и кипарските Грци се сретнаа во тампон-зоната на ОН
НАТО го претстави „АНКА III“ како „НАТО 3.0 во пракса“
ЕУ: Израелските населби се нелегални и пречка за решение за две држави
Вучиќ го распушти Народното собрание и распиша предвремени парламентарни избори за 25 октомври