| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
И трета партија му го врати мандатот на Радев- Бугарија оди на нови предвремени избори
Со враќањето на мандатот од страна на АПС, која е третата политичка партија, односно коалиција што го стори тоа неделава, Бугарија и официјално влегува во нов изборен циклус, осми по ред во последните шест години
И трета партија му го врати мандатот на Радев- Бугарија оди на нови предвремени избори
Благодарам, Ви посакувам успех, oдиме на избори, рече Радев откако претставници на партијата АПС му го вратија мандатот за составување на Владата / Others

Бугарија оди на нови предвремени избори, осми во изминативе шест години, откако и третата партија му го врати на претседателот Румен Радев мандатот за состав на влада.

„Одиме на избори“ рече Радев откако утрово го врачи третиот и последен мандат за формирање влада на Алијансата за права и слободи (АПС), чии претставници веднаш му го вратија неисполнет.

Со враќањето на мандатот од страна на АПС, која е третата политичка партија, односно коалиција што го стори тоа неделава, Бугарија и официјално влегува во нов изборен циклус, осми по ред во последните шест години.

Врачувајќи го мандатот, бугарскиот претседател Радев рече дека не случајно одбрал тоа да биде на партијата Алијанса за права и слободи, чии членови и симпатизери, како што кажа, подобро од другите биле свесни за пороците на актуелниот модел на управување во земјата.

„Вашите членови и симпатизери беа подложени на притисок, а и денес тие продолжуваат да бидат под разни форми на влијание. Ви го предавам овој мандат како симбол на национално единство и против секој обид на себични политичари да внесат етнички тензии, за кои нема основа во Бугарија и кои им служат само на нивните теснопартиски и, пред сè, лични интереси. Повелете, кажете го вашиот став – дали ќе го прифатите мандатот и ќе барате мнозинство во 51. Народно собрание или ќе се движиме кон решавање на оваа криза со одржување предвремени парламентарни избори“, кажа Радев.

Претседателот на пратеничката група на АПС, Хајри Садаков, придружуван од уште неколкумина сопартијци, му се заблагодари на Радев за гестот, но наведе дека нивната пратеничка група има сензитивни чувства за она што го слушнала од протестите на плоштадите во Бугарија во декември.

„Први го кренавме гласот да зборуваме за феноменот што доаѓаше, и кога сфативме дека оваа проценка е веќе национална, дека општеството виде што се случува, бевме со нив на плоштадите. Свесно и одговорно, нашата пратеничка група ме овласти да го вратам третиот мандат неисполнет, со цел со сите наши заеднички напори да реализираме фер, слободни, транспарентни и демократски избори“, рече претседателот на пратеничката група на АПС, Хајри Садаков.

По ова, претседателот на Бугарија, Радев, кратко заклучи дека земјата оди на избори.

„Благодарам. Вам ви посакувам успех. Одиме на избори“, рече тој.

Ваквиот исход уследи откако завчера коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), како втора политичка сила го врати мандатот за состав на влада, исто така, веднаш откако ѝ беше врачен од Радев.

Претходно неделава, и Росен Жељазков, како кандидат за премиер од ГЕРБ-СДС, исто така веднаш го врати неисполнет првиот мандат по неговото примање.

Според бугарскиот Устав, доколку првиот мандатар не предложи состав на министерски совет во рок од седум дена, претседателот го доверува мандатот на втората по големина група, а доколку и тоа не успее, тогаш на трета партија по негов избор. Доколку не се постигне согласност, се назначува преодна влада и се закажуваат нови избори во рок од два месеца.

Коалициската влада на премиерот Жељазков, поддржана од ГЕРБ-СДС, поднесе оставка минатиот месец по протестите против корупцијата и новиот буџет.

Бугарија се приклучи на Еврозоната на 1 јануари, но ѝ е потребна политичка стабилност за да го забрза користењето на средствата од ЕУ и да привлече странски инвестиции.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови