| Macedonian
СВЕТ
2 МИН ЧИТАЊЕ
Првиот ЕУ дипломат против забраната за туристички визи за Русите
Шефот за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел, смета дека забраните за патување треба да се применуваат селективно и да важат за „соработниците на режимот на Путин“.
Првиот ЕУ дипломат против забраната за туристички визи за Русите
Борел се противи на идејата за целосна забрана за руски туристички визи / AA
22 август 2022

Шефот за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ) Жозеп Борел денеска се спротивстави на идејата за целосна забрана за руски туристички визи.

„Не е добра идеја да им се забрани на сите Руси да влезат во ЕУ од која било причина. Треба да бидеме поселективни”, рече Борел на дебатата за геополитика на Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо во Мадрид.

Тој призна дека ЕУ била премногу попустлива со олигарсите во минатото, особено со тоа што им давала златни пасоши или визи во замена за инвестиции.

„Треба да ставиме забрана за соработниците со режимот на Путин во ЕУ. Но има многу Руси кои сакаат да ја напуштат својата земја затоа што не сакаат да живеат во Русија на Путин”, изјави Борел.

Шефот на европската дипломатија смета дека забраната за туристички визи предизвикува многу поделби. Тој ги критикуваше лидерите на ЕУ поради јавната дебата на оваа тема пред да се разговара зад затворени врати.

Според Борел околу 30 000 Руси веќе емигрирале поради војната во Украина.

Меѓу државите кои ја поддржаа идејата за забрана за туристички визи во ЕУ за сите Руси беа Естонија, Финска, Латвија, Данска, Норвешка, Полска и Литванија.

Германија се спротивстави на мерката. Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ до крајот на месецов се очекува да разговараат за забраната за туристички визи.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Убиени 50 лица во Либан во израелските напади во средата
Ирански ракети го таргетираат северен Израел по обраќањето на Трамп
САД ги укинаа санкциите против претседателката на Венецуела, Делсеа Родригез
Личната духовна советничка на Трамп критикувана затоа што го споредила со Исус Христос
Трамп: Главните стратешки цели на војната во Иран речиси се остварени
Амбасада на САД: Американците веднаш да го напуштат Ирак поради закана од напади
Иран му возврати на Трамп: Имате погрешни информации за нашите воени капацитети
Остатоци од ракета предизвикаа помала штета во Абу Даби
Претседателот на Јужна Кореја побара вонреден буџет поради војната во Иран
Еден загинат во земјотресот од 7.4 степени во Индонезија
Бурханетин Дуран: Остро го осудувам законот за смртна казна донесен од израелскиот парламент
19 загинати и неколку повредени мигранти при бродска несреќа кај италијанскиот остров Лампедуза
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот