Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска испрати итно писмо во кое бара од американскиот претседател Доналд Трамп и од Конгресот на Соединетите Американски Држави да ѝ помогнат на Украина поради недостатокот на опрема потребна за противвоздушната опрема на Киев, објави советникот за комуникации на Зеленски, Дмитро Литвин.
Според него, Украина може да собори руски балистички ракети само со помош на американските системи „Патриот“, пренесува „Укринформ“.
ПРЕПОРАЧАНО
Во рускиот напад врз Киев на 24 мај, тројца луѓе беа убиени, а 92 беа повредени.
За време на тој напад, Русија употреби 90 ракети и 600 беспилотни летала.








