| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
1 мин читање
Најмалку еден Палестинец загинал во израелски напад врз шатори за раселени лица во јужна Газа
Изворите наведуваат дека во нападот биле погодени шатори во кои биле сместени раселени цивили во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис, која Израел претходно ја означи како „безбедна зона“
Најмалку еден Палестинец загинал во израелски напад врз шатори за раселени лица во јужна Газа
И покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, израелската армија уби најмалку 936 Палестинци во речиси секојдневни напади / AP

Еден Палестинец загина, а 16 се повредени утринава во израелскиот напад чија цел беа шатори во кои се засолнети раселени цивили во јужниот дел на Појасот Газа, соопштија медицински извори.

Изворите наведуваат дека во нападот биле погодени шатори во кои биле сместени раселени цивили во областа Ал-Маваси, западно од Кан Јунис, која Израел претходно ја означи како „безбедна зона“.

Единаесет Палестинци, меѓу кои и пет члена од исто семејство загинаа вчера, а десетици беа повредени во истовремени израелски воздушни напади чија цел беа станбени објекти во градот Газа, соопштија медицински извори.

Подоцна девет тела и десетици повредени беа пренесени во болницата „Ал-Шифа“, при што некои од телата биле распарчени, а други со тешки изгореници, додадоа изворите.

Во геноцидот на Израел во Газа од октомври 2023 година се убиени речиси 73.000 Палестинци и повредени повеќе од 173.000, главно жени и деца, според палестинските податоци.

И покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, израелската армија уби најмалку 936 Палестинци и повреди 2.903 во речиси секојдневни напади, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Повеќе
Гаши: Една од најважните задачи ми е да го подигнеме достоинството на Собранието и на институцијата
Уште 30 години затвор за поранешниот јужнокорејски претседател Јун
Нетанјаху побарал од Трамп поостри услови за крај на војната со Иран
САД собори ирански дронови кои напаѓале комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец
Иран се согласил за поголемиот дел од нацртот на договорот со САД, нема компромис за црвените линии
Новата словенечка влада ја укина забраната за влез на Нетанјаху, Бен-Гвир и Смотрич
Фидан: Туркије и Бугарија повторно го потврдија планот за изградба на нов граничен премин
Туркије: Инвестицискиот договор со БИД останува на сила и покрај прекинот на стимулациите
Ердоган: Турската Црвена полумесечина се издвојува со глобалните хуманитарни напори
Иран го прогласи прекинот на огнот за бесмислен по последните напади на САД
Трамп: САД вечерва ќе го нападнат Иран многу силно, ќе го освоиме островот Харг
Туркије најостро ќе реагира по воениот договор меѓу Франција и Администрацијата на кипарските Грци
Мицкоски: Барањата од Бугарија се истите од 2022 година, мора да бидеме оптимисти
Иран целосно го затвора Ормускиот Теснец
Турско МO: Туркије ќе продолжи да ги штити правата и интересите на Турската Репеблика Северен Кипар