| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Курти ја предложи Јустина Широка Пуља за кандидат за претседател на Косово за да избегне нова криза
Косовскиот премиер бара од лидерот на ПДК гаранции дека неговата парламентарна група ќе учествува на претседателските избори, а за возврат ветува дека ќе гласа за измени на Законот за специјализирани совети во второ читање
Курти ја предложи Јустина Широка Пуља за кандидат за претседател на Косово за да избегне нова криза
За избор на претседател се потребни 80 гласа во првите два круга гласање

Косовскиот премиер, кој го предводи и Движењето Самоопределување (ЛВВ), вечерва на нова прес-конференција предложи претседателката на Академијата на науките и уметностите во Приштина, Јустина Широка Пуља, да биде кандидат за претседател на привремените институции и ја повика Демократската партија на Косово (ПДК) да гласа за неа.

Тој повтори дека Самоопределување е подготвено прво да гласа за измените на Законот за Специјалниот суд во Хаг ако ПДК се обврзе да учествува на седницата за избор на претседател.

„Нека претседателот на ДПК веднаш по мене излезе јавно и нека се обврзе дека 22 пратеници на ДПК ќе учествуваат заедно во гласањето за избор на претседател, а ние прво ќе гласаме за законот за специјализирани совети“, рече Курти.

Тој претходно на прес-конференција помалку од четири часа пред истекот на уставниот рок на полноќ во кој земјата мора или да избере нов претседател или да оди на нови парламентарни избори, ги предложи Глаук Коњуфца и Фериде Рушити за кандадати за претседател, изразувајќи подготвеност прво да гласа - во второ читање - за Предлог-законот за измени на Законот за Специјалниот суд.

„Најновиот предлог е овој: бидејќи лидерот на ПДК, Бедри Хамза, не може да се сретне со нас, нека излезе јавно вечерва и нека вети дека целата парламентарна група на ПДК ќе учествува во гласањето за претседател - или со гласање „за“, воздржано или гласање „против“. По таквото ветување, ќе гласаме за второто читање на предлог-законот, под услов да немаат проблем со непочитувањето на рокот од 72 часа помеѓу двете читања. Ќе гласаме за предлог-законот, а веднаш потоа ќе преминеме на гласање за претседател“, рече претходно Курти.

Тој изјави дека ПДК ја отфрлила неговата понуда да го поддржи професорот Беким Сејдиу како кандидат за нов претседател; по тоа, самиот Сејдиу објави преку социјалните мрежи дека не е вклучен во процесот на избор на нов претседател на земјата.

Сејдиу беше заеднички кандидат на ЛВВ и Демократската лига на Косово (ЛДК) за претседател, по договор меѓу двете партии. Сепак, договорот беше доведен во прашање кога шест пратеници на ЛДК се спротивставија на кандидатурата на Сејдиу. Следствено, Сејдиу се повлече од трката.

ЛВВ, заедно со партиите на несрпското малцинство, има вкупно 62 места во овој парламент; ПДК има 22 места, додека ЛДК има 18.

За избор на нов претседател се потребни 80 гласа во првите два круга гласање; потоа, претседателот може да биде избран со 61 глас „за“, под услов да бидат присутни 80 пратеници во салата.

Повеќе
Стопанската комора предлага намалување на бројот на неработни денови
Од полноќ поевтини и бензините и дизелот
Пријавени дојави за бомби во образовни установи во главниот град на Бугарија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Да нема нови билатерални условувања на патот кон ЕУ
Општи избори во БиХ во недела, за прв пат се воведуваат нови изборни технологии
Урсула фон дер Лајен во Скопје на средби со македонскиот државен врв
Фон дер Лајен во Подгорица: Веруваме во Црна Гора како 28. членка на ЕУ до 2028 година
ОЈО побара нов притвор за газдата на Пулс откако го осомничи дека дал мито да добие лиценца
Дипломираше првата генерација на Факултетот за дентална медицина при ИБУ
Фон дер Лајен од Приштина порача дека верува во европската иднина на Косово
Почина Биљана Плавшиќ, осудена за воени злосторства во БиХ
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани
Загреб: Судот го прогласи штрајкот на незаконски, трамваите и автобусите се вратија на улиците
Фити: Јавниот долг, одливот на мозоци и енергетската зависност се меѓу најголемите предизвици
Ферати: Бошњаците се важна алка на нашето општество
Осум години од референдумот кој претходеше на промена на името на државата
Стопанската комора бара посебен статус за македонските превозници
Загреб втор ден без јавен превоз и собирање на отпадот поради штрајк
Уапсени петмина скопјани осомничени за поврзаност со радикалната терористичка група ДАЕШ