| Macedonian
ПОЛИТИКА
1 мин читање
Муцунски и Муртезани на средба со високата претставничка на ЕУ, Калас, во Брисел
Муцунски и Муртезани на средбата ја потврдија посветеноста на реформите, европската агенда и унапредувањето на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната
Муцунски и Муртезани на средба со високата претставничка на ЕУ, Калас, во Брисел
Муцунски и Муртезани на средба со високата претставничка на ЕУ, Калас, во Брисел / AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани денес во Брисел остварија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, средбата е одржана во рамките на нивната работна посета на Брисел, во контекст на континуираната посветеност на државата на европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.

Муцунски и Муртезани на средбата ја потврдиле посветеноста на реформите, европската агенда и унапредувањето на соработката со ЕУ во доменот на безбедноста и одбраната.

„Тие ја реафирмираа и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, поддршката за Украина, како и значењето на регионалната поврзаност и стратегиските инфраструктурни проекти, меѓу кои и Коридор 8“, се додава од Министерството.

Двајцата министри упатиле порака за важноста од предвидлива, фер и опиплива европска перспектива за целиот регион, нагласувајќи дека забрзаната и фер динамика на процесот ќе придонесе за зајакнување на кредибилитетот на проширувањето, демократската отпорност и безбедноста на регионот и Европа.

Повеќе
Земјотрес почувствуван во Скопје
Наместо во отпад, на модна писта: Како кројач од Анкара го спасува културното наследство
Експанзијата на Израел во грчкиот дел од Кипар дигна тревога во врска со регионалната безбедност
Бурса: Историјата се среќава со индустријата во овој турски град
Може ли новиот трговски механизам меѓу САД и Кина да ги намали тензиите?
Невиден чин на дивјаштво- Новиот закон на Израел автоматски одредува смртна казна за Палестинците
Јанез Јанша положи заклетва како премиер на Словенија
Рубио: САД се повлекуваат од мировните преговори меѓу Украина и Русија
Банкарскиот сектор на Туркије останува силен и покрај глобалните ризици и неизвесноста
Ердоган: Туркије стана клучен енергетски центар и актер за мир
Кубанци протестираат во Хавана поради американското обвинението против Кастро
Четворица загинаа во украински напад врз колеџ и студентски дом во Луганск, кој е под руска контрола
Шестмина загинати во израелските воздушни напади вo јужен Либан
Вучиќ: Ја разбираме визијата на Трамп, а зајакнатите односи ќе придонесат и за Европа
Русија тврди дека зазела ново населено место во Украина