| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Демантот уследи по извештајот на израелскиот јавен сервис KAН, во кој се цитира американски претставник, кој навел дека ЦEНTКOM го повикал Израел да се подготви за можно продолжување на воените операции против Иран во блиска иднина
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
ЦЕНТКОМ тврди нема никакви промени во распоредот на американските сили на Блискиот Исток / Reuters (Wire)

Американската војска го демантираше извештајот на израелските медиуми дека се подготвува за можно продолжување на операциите против Иран, отфрлајќи ги тврдењата за промени во распоредот на своите сили во регионот како „чиста шпекулација“.

Во одговор за Агенција Анадолу, претставник на Централната команда на САД (ЦEНTКOM) изјави дека нема никакви промени во распоредот на американските сили на Блискиот Исток.

Демантот уследи по извештајот на израелскиот јавен сервис KAН, во кој се цитира американски претставник, кој навел дека ЦEНTКOM го повикал Израел да се подготви за можно продолжување на воените операции против Иран во блиска иднина. Наводно, ова предупредување им било пренесено на претставници на израелската војска во САД.

KAН исто така објави дека Вашингтон испраќа слични пораки и до земјите од Персискиот Залив преку безбедносни канали.

Во извештајот понатаму се тврди дека САД распоредиле околу 200 авиони за полнење гориво во воздух низ Блискиот Исток и Европа, при што два носачи на авиони-„УСС Џорџ Вашингтон“ и „УСС Џорџ Х.В. Буш“ - веќе се наоѓаат во регионот, а се очекува и трет, „УСС Рузвелт“, да пристигне во Арапското Море следната недела.

Повеќе
Анвар: Нема индикации дека чипови од Малезија биле пренасочени кон Кина по фијаското со Енвидија
Шпанија одобри заштита на домувањето откако политичкиот застој предизвика предвремени избори
Извештај: Русија бара Финска да излезе од НАТО во разговорите во Абу Даби
Повеќе од 5.500 мртви од ебола во Конго во епидемијата што продолжува да се шири
Трамп му порача на Венс да го пренасочи фокусот од Иран кон корупцијата и криминалот во САД
Сиљановска-Давкова: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
ЦЕНТКОМ: Веста во израелските медиуми за продолжување на војната со Иран е чиста шпекулација
Зеленски се надева дека прекинот на огнот ќе биде тема на разговорите со Русија
Одборот за мир повика на итно спроведување на планот за Газа по израелскиот напад врз болница
Универзитетот во Торонто признава дискриминација против муслимани, Арапи и Палестинци
Иран тврди дека уништил американски радар за рано предупредување во Бахреин
Си ќе се обрати на самитот на АПЕК и ќе одржи билатерални состаноци во Шенжен следната недела
Студентската листа во Србија објавува план за БиХ, ги осудува израелските акции во Газа
Алиев и Пашинјан во Даблин разговараа за мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија
Европските лидери повикуваат на обединет глас во мировните преговори за Украина