| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Николоски - Буриловиќ: Неработењето на превозниците е сериозна закана за регионалните економии
„Апелирам уште еднаш и го подржувам протестот на превозниците, ова прашање да се реши што поскоро и од 10 април да немаме проблеми за превозниците“, изјави вицепремиерот Николоски
Николоски - Буриловиќ: Неработењето на превозниците е сериозна закана за регионалните економии
Николоски - Буриловиќ: Неработењето на превозниците е сериозна закана за регионалните економии / Влада на РСМ

Транспортниот сектор ја има клучната улога во развојот на регионалната економија и секое ограничување на работењето на превозниците ќе има негативно влијание врз целиот регион во Западен Блакан, потенцира вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој во рамки на работната посета на Загреб вчера остварил средба со Лука Буриловиќ, претседател на Стопанската комора на Хрватска. Како што информира Министерството за транспорт, Николоски укажа дека состојбата со превозниците претставува сериозна закана за економската стабилност и развој. 

„Она за што зборувавме и големиот проблем што го засега целиот регион, а се однесува за превозниците. Информирав за состојбата за Македонија и регионот и се надевам дека ЕУ ќе изнајде решение се со цел да не се третираат професионалните возачи како туристи или мигранти, да се третираат како професионалци и на тој начин да можат да ја вршат својата работа. Се различно од ова ќе значи сериозен удар, не само за македонската и регионална економија туку и врз економијата во цела Европа, имајќи предвид дека бројни компании се извозно ориентирани и извезуваат, а исто така и бројни компании во рамки на ЕУ ги користат нашите производи. Апелирам уште еднаш и го подржувам протестот на превозниците, ова прашање да се реши што поскоро и од 10 април да немаме проблеми за превозниците“, изјави вицепремиерот Николоски по средбата.

Како што соопштуваат од Министерството за транспорт, на средбата се разговарало и за зголемување на трговската размена и поголема соработка меѓу компании од двете земји.

„Се надевам дека трговската размена ќе расте, се надевам дека ќе достигнеме до половина милијарда евра, а во перспектива да таргетираме и до 1 милијарда евра размена“, изјави министерот Николоски.

Претседателот на Стопанската комора на Хрватска, Лука Буриловиќ, истакна дека добрата економска соработка бележи околу 330 милиони евра.

„Имавме доста теми на кои разговаравме. Она што сакам да истакнам е добрата економска соработка која бележи околу 330 милиони евра. Има голем потенцијал за развој и треба директно да соработуваме за да ја подигнеме оваа размена. Секако, значајна е инфраструктурата која доста се работи во Македонија, а и ние сме во замав. Зборуваме и за развој на железничката инфраструктура која во Хрватска е во подем и секако постои голем потенцијал за соработка меѓу нашите и македонските компании“, изјави Буриловиќ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Милорад Ѓоковиќ во Приштина осуден на 10 години затвор поради воени злосторства на Косово
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Советот на министри на БиХ го одобри гласањето на српските граѓани во Босна и Херцеговина
Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во армијата до пензионирање
Мицкоски: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем
Црна Гора го менува Уставот: Задолжителна проверка на интегритетот на кандидатите за Владата
Ангелов во Туркије на Конференцијата за управување со катастрофи
Протестите во Албанија не се смируваат, продолжуваат судирите со полицијата
Одбележана 23-годишнината од смртта на Алија Изетбеговиќ
Мехмет Булут избран за ректор на Меѓународниот балкански универзитет
Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат
Собранието ја продолжи кризната состојба со нафта до април 2027 година
Андоновски од Сеул: Пристапот до ВИ ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
АХВ: Од јануари до август годинава уништени 69.776 килограми небезбедна храна
Четврта ноќ протести во Албанија: Студентите бараат оставка од премиерот Рама
Анушиќ предупредува на вооружување на Србија: Реториката на Белград е најголем фактор на нестабилност во Југоисточна Европа
По интервенција на Пленковиќ, од заклучоците на ЕУ за Црна Гора се тргнати временските рамки
Зошто 15 октомври се одбележува како Меѓународен ден на белиот стап?