| Macedonian
Европската комисија го усвои Законот со кој се ограничува пристапот на децата до социјалните мрежи
Со законот се предвидува и забрана на бесконечното скролање, механизми за наградување што ги поттикнуваат корисниците да продолжат со користење, ноќни известувања и несакани контакти од непознати лица
Европската комисија го усвои Законот со кој се ограничува пристапот на децата до социјалните мрежи
Онлајн услугите и продавниците за апликации ќе бидат обврзани да користат алатки за проверка на возраста

Европската комисија денес го усвои предлогот на Законот КИДС (EU KIDS Act), со кој се предвидува ограничување на пристапот до социјалните мрежи за деца под 13 години и воведување единствена минимална возраст од 15 години за малолетници самостојно да отвораат профили.

„Законот им забранува на платформите на социјалните мрежи да им овозможуваат пристап на деца под 13 години и утврдува минимална возраст од 15 години на ниво на ЕУ за малолетници самостојно да отвораат профил“, се наведува во писменото соопштение.

Според законот, децата ќе може да креираат лични профили на социјалните мрежи дури од 15-годишна возраст, а родителите или старателите на деца на возраст од 13 и 14 години би можеле да креираат „минипрофили“ до кои децата ќе пристапуваат преку профилите на своите старатели.

„Тоа би им овозможило пристап до социјални мрежи и платформи за споделување видеа соодветни на нивната возраст“, се додава во соопштението.

Во законот, исто така, се нагласува потребата услугите што се достапни преку минипрофилите да бидат дизајнирани со заштитни механизми, „како што се ограничени социјални контакти и ограничено време пред екран на најмногу еден час дневно“.

Иако се забранува пристап до социјалните мрежи за деца на возраст меѓу три и 13 години, со законот се дозволува пристап до „специјално дизајнирани платформи за споделување видеа приспособени за деца“ преку профили управувани од нивните старатели.

Од платформите, исто така, ќе се бара на родителите или старателите да им обезбедат лесни алатки за ограничување на пристапот на децата до услуги за возрасни на уреди наменети за деца, како и ограничување на нивното користење на еден час дневно.

Со законот се воведуваат и обврски за онлајн услугите, вклучително и социјалните мрежи, платформите за споделување видеа, онлајн игрите, чет-ботовите со вештачка интелигенција и дигиталните „придружници“ со вештачка интелигенција, за заштита на корисниците под 18 години.

Цел е да се забранат функции што создаваат зависност, како и системи засновани врз профилирање што „ги вовлекуваат малолетниците во ’зајачки дупки‘ на штетна содржина“.

Со законот се предвидува и забрана на бесконечното скролање, механизми за наградување што ги поттикнуваат корисниците да продолжат со користење, ноќни известувања и несакани контакти од непознати лица.

„Дополнително, чет-ботовите со вештачка интелигенција и дигиталните придружници мора стандардно да бидат исклучени и не смее да симулираат меѓучовечки односи на начин што создава емоционална зависност“, се нагласува во соопштението.

Профилите на малолетниците стандардно би биле приватни, а пристапот до геолокација, камера и микрофон би бил оневозможен.

Од платформите, исто така, се бара да понудат едноставни начини за малолетниците да блокираат или исклучат други корисници, ефикасни алатки за управување со времето и безбедни системи за препорачување содржина.

Онлајн услугите и продавниците за апликации ќе бидат обврзани да користат алатки за проверка на возраста. Европската комисија понуди и користење апликација на ЕУ за верификација на возраста „што не ги задржува документите за идентификација или биометриските податоци и на тој начин ги исполнува највисоките стандарди за заштита на приватноста“.

„Законот исто така го менува принципот на одговорност, со што давателите на многу големи онлајн платформи ќе мора да докажат дека нивните услуги се ’безбедни уште по дизајн‘“, се додава во соопштението.

Платформите, со тоа, ќе бидат обврзани да ѝ достават план за усогласеност на Комисијата, како и на независен ревизор што треба темелно да ја процени новата услуга, функција или функционалност.

Повеќе
Снепчет може да воведе временски ограничувња за тинејџерите
ОпенАИ ќе биде проценета на над 1 билион долари по новата рунда на финансирање
ЕУ ќе ги ограничи социјалните мрежи за малолетниците и децата
Туркије ќе го тестира своето прво лунарно вселенско летало пред мисијата во 2027 година
Може ли вештачката интелигенција да го загрози човештвото? Еве што ја предизвика дебатата
„Рокетсан“ тестираше турска ракета за воздушна одбрана од мобилен систем
Пекинг ги отфрли обвинувњата од Антропик дека кинески лаборатории за ВИ вршат дестилација
Центрите за податоци „повеќе не се толку жедни“, велат технолошките гиганти
Аспартамот ризичен или не- контроверзна одлука на ЕФСА
Качир: Туркије ќе прерасне во водечка земја во областа на вештачка интелигенција
Извештај: ОпенАИ размислува за забавување на развојот на напредна вештачка интелигенција
Турската ХАВЕЛСАН и египетската АОИ со договор за продажба на заеднички развиениот дрон ХАМЗА-1
ЕЦБ ги зголеми каматните стапки за да спречи пораст на инфлацијата
Индија ќе инсистира на систем за плаќање со дигитална валута на самитот на БРИКС
Опен АИ побара задолжителни безбедносни мерки за напредните ВИ системи
Научниците пред голем пробив во потрагата по темната материја
Што открива повлекувањето на Мајкрософт од Кина за поделбата на технолошката економија
Може ли руски Расвет да му конкурира на Старлинк
Како Кина го решава проблемот со инфлуенсерството, индустрија вредна милијарди евра
Бесконечно играње игри:Каде завршува интензивната ангажираност, а каде започнува штетното однесување