| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Трамп објави дека е формиран Одборот за мир за Газа
Членовите на oдборот ќе бидат објавени наскоро, но со сигурност можам да кажам дека ова е најголемиот и најпрестижниот одбор што некогаш бил составен, во кое било време и на кое било место, додаде Tрамп
Трамп објави дека е формиран Одборот за мир за Газа
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во средата соопшти дека започнала втората фаза од договорот за прекин на огнот / AP

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е формиран Одбор за мир за Појасот Газа.

„Ми претставува голема чест да објавам дека Одборот за мир е формиран“, напиша Трамп на социјалната мрежа Вистина (Truth social).

„Членовите на oдборот ќе бидат објавени наскоро, но со сигурност можам да кажам дека ова е најголемиот и најпрестижниот одбор што некогаш бил составен, во кое било време и на кое било место“, додаде тој.

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во средата соопшти дека започнала втората фаза од договорот за прекин на огнот, како дел од планот на Трамп од 20 точки за завршување на војната во Газа.

Во посебна објава Трамп истакна дека следната фаза од неговиот план „официјално“ започнала.

„Како претседавач на Одборот за мир, ја поддржувам новоименуваната Палестинска технократска влада - Национален комитет за управување со Газа, поддржан од високиот претставник на Одборот - која ќе управува со Газа за време на транзицискиот период“, наведе Трамп.

Тој додаде дека овие палестински лидери се „непоколебливо посветени на мирна иднина“.

Трамп истакна дека ќе биде обезбеден „сеопфатен договор за демилитаризација“ со Хамас, со поддршка на Египет, Туркије и Катар.

Според него, со предложениот договор ќе се бара палестинската група да го предаде оружјето и да ја разбие мрежата од тунели.

„Хамас мора веднаш да ги почитува своите обврски, вклучително и враќањето на последното тело во Израел и без одлагање да пристапи кон целосна демилитаризација. Како што реков и претходно, тоа може да го направат на лесен или на тежок начин“, порача Трамп.

„Народот на Газа страда предолго. Времето е сега“, додаде тој.

Во септември Трамп објави план од 20 точки со кој се предвидува рамка за прекин на огнот, вклучително и ослободување на израелските заробеници, повлекување на Израел од Газа, формирање технократска администрација и распоредување меѓународни стабилизациски сили, заедно со барање Хамас да се разоружи.

Од октомври 2023 година досега Израел уби повеќе од 71.400 Палестинци, главно жени и деца, а повреди над 171.300 во бруталната офанзива што ја остави Газа во урнатини.

И покрај прекинот на огнот што стапи во сила на 10 октомври, Израел продолжи со нападите, при што се убиени 451 Палестинец, а повеќе од 1.200 се ранети, според Министерството за здравство во Газа.


Повеќе
Можат ли украинските напади со дронови да предизвикаат криза со гориво во Русија?
Извонредна приказна за турските воени заробеници кои ја преобликуваа воената доктрина на НАТО
Што се санкциите од КAATСA и како нивното укинување ќе биде од корист за Туркије?
Можат ли САД и Иран да се вратат на преговорите откако Трамп изјави дека прекинот на огнот е завршен
Вучиќ ќе поднесе оставка неколку дена по објавувањето на парламентарните избори
ТУРКСОЈ во Скопје ги промовира туркиските земји, туркискиот свет и туркиската култура
Емине Ердоган со сопругите на лидерите на НАТО на дискусија за децата, технологијата и безбедноста
Продажбата на американски мотори за турскиот авион КААН ќе продолжи, Конгресот не ја блокираше
Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на геноцидот во Сребреница
Калас и Кос на 31-годишнината од геноцидот во Сребреница: Нема место за негирањед на геноцидот
САД привремено ги запреа нападите врз Иран за да остават простор за дипломатија
ЕБОР инвестираше 1,2 милијарди евра во Туркије во првата половина на 2026
Севернокорејскиот премиер Пак пристигна во Кина за годишнината од договорот
Франција за првпат ќе го активира планот за вонредни состојби поради екстремна топлина
Демонстранти во Словенија бараат повлекување од НАТО и воведување санкции против САД и Израел