| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Панична евакуација на жителите на Бејрут по израелските закани за бомбардирања
На патиштата и влезовите во јужните предградија се случи сериозен сообраќаен метеж, во кој жителите останаа заглавени со часови пред да се упатат кон централниот дел на Бејрут
Панична евакуација на жителите на Бејрут по израелските закани за бомбардирања
Панична евакуација на жителите на Бејрут по израелските закани за бомбардирања

Голем број жители почнаа масовно да ги напуштаат своите домови во јужните предградија на Бејрут денес, откако Израел се закани дека ќе ја бомбардира либанската престолнина, иако во моментов официјално е на сила договорот за прекин на огнот, јавува Анадолу.

На патиштата и влезовите во јужните предградија се случи сериозен сообраќаен метеж, во кој жителите останаа заглавени со часови пред да се упатат кон централниот дел на Бејрут, јави дописникот на Анадолу.

Многу жители се евакуираа од своите домови откако израелските медиуми објавија дека Армијата има намера да издаде предупредувања за евакуација на подрачјата за кои се очекува да бидат цел на напади.

Во меѓувреме, Либанскиот универзитет ги одложи испитите на своите факултети и институти во универзитетскиот кампус „Рафик Харири“ во Хадат во Бејрут и во јужниот град Сидон за следната недела, повикувајќи се на актуелната безбедносна ситуација.

Универзитетот во соопштението појасни дека во сите нивни останати факултети низ земјата, испитите ќе си продолжат според предвидениот распоред.

Претходно денес, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на Армијата да изврши воздушни напади во Бејрут среде новата ескалација, и покрај прекинот на огнот со посредување на САД што е на сила од 17 април.

Наредбата доаѓа во пресрет на новата рунда преговори меѓу Бејрут и Тел Авив во Вашингтон, под американско посредување.

Повеќе
Израел повторно предупредува за напади во Либан и покрај примирјето
Конфликтот со Иран може да ја чини светската економија најмалку 700 милијарди долари
Куршад Зорлу потпретседателот на АК Партија е во посета на Северна Македонија
Туркије и Канада започнаа преговори за договор за слободна трговија
Спасен екипажот на американскиот воен хеликоптер кој се сруши близу Ормутскиот Теснец
Трамп: Продолжуваат преговорите со Иран, можен договор за неколку дена
Франција и Германија се откажаа од развојот на заеднички борбен авион
Фидан: Мирот во Украина е клучен за регионалната безбедност и стабилност
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху дека може да oстане сам против Иран
Ереван: Ерменија се стреми кон целосна нормализација со Туркије во блиска иднина
Бројот на жртви од земјотресот на Филипините се искачи на 32
Рама: Албанија и покрај протестите ќе продолжи со изградбата на одморалиштето на Џаред Кушнер
Туркије ги поздравува мирните ерменски избори и ја поддржува стабилноста
Уште девет Палестинци убиени во израелските напади
Иран соопшти за 15 повредени лица во израелските напади, ги прекинува нападите врз Израел