Фидан се придружил на состанокот меѓу Трамп и Aл Шара во Белата куќа
Имавме можност да разговараме за општите ставови на Туркије за Сирија, можностите за соработка со САД и бројни прашања поврзани со развојот, единството, солидарноста, мирот и регионалната безбедност, рече турскиот министер за надворешни работи
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека се придружил на состанокот вчера меѓу сирискиот претседател Ахмед ал-Шара и американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот тим по покана.
„И јас бев присутен. Му ги пренесовме поздравите и најдобрите желби од нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Трамп“, изјави Фидан за турските медиуми.
„Потоа имавме можност да разговараме за општите ставови на Туркије за Сирија, можностите за соработка со САД и бројни прашања поврзани со развојот, единството, солидарноста, мирот и регионалната безбедност на Сирија“, рече тој.
„Секако, моето присуство во Белата куќа денес се совпадна со посетата на сирискиот претседател Ахмед ал-Шара“, додаде тој.
Фидан, исто така, се сретна одделно со својот американски колега Марко Рубио, со претставникот за Блискиот Исток, Стив Виткоф, и со специјалниот претставник за Сирија и амбасадор во Туркије, Том Барак.
Претходно, Шара пристигна во Белата куќа на разговори со Трамп, што беше прва посета на сириски лидер откако нацијата стекна независност пред речиси 80 години.