Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Бугарскиот престедател имаше средба со претставници на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани
Внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија значително ќе го забрза нејзиното присоединување кон Европската унија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на средбата со претставници на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани, информира прес службата на Радев.
„Се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да си ги отвори вратите за преговори за полноправно членство. Сите се надеваме дека интеграцијата на РСМ ќе се случи што е можно поскоро, но тоа не може да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата” изјави Радев.
Претставниците на бугарските организации од Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани, се против уставни измени со одложено дејство