Mинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со потсекретарката за политички прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Алисон Хукерна маргините на Бледскиот стратешки форум.
„На средбата беше потврдено високото ниво на билатералните односи и цврстото стратешко партнерство меѓу двете земји, како и заедничката определба за негово натамошно продлабочување и проширување во областите од заемен интерес. Соговорниците разговараа за енергетската безбедност, регионалната поврзаност, како и за натамошното унапредување на економската и трговската соработка. Воедно, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во рамките на НАТО“, соопштија од Министерството.
На средбата било нагласено дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и сојузништвото во Алијансата претставуваат значаен придонес кон колективната безбедност, стабилноста и отпорноста на регионот.
Муцунски денеска и утре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.
Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи






















