| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на бензинот БС-95 ќе биде 80,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 82,50 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 94 денари за литар
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
РКЕ соопшти дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април / AP

Од ноќеска на полноќ горивата во Македонија ќе се продаваат по нови, пониски цени. Регулаторната комисија за енергетика одлучи бензините и дизелот да поевтинат за 1,5 денар по литар во однос на цените утврдени минатата недела.

Од 21 април 2026 година, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 80,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС за 94 денари за литар.

Со новата одлука, екстралесното масло за домаќинство поскапува за половина денар и ќе чини 97 денари за литар. Мазутот поевтинува за 2,939 денари за килограм и ќе се продава за 46,288 денари.

РКЕ соопшти дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,13 проценти во однос на претходната одлука од 14 април. Во пресметката се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10 проценти, освен за мазутот и дизелските фракции, како и намалените акцизи за еуродизел и бензинските фракции.

Дополнително, цените може да бидат пониски кај трговците што го применуваат попустот на ОКТА, кој важи до 30 април. Според 360 степени, попустот изнесува три денари по литар за дизел и два денари по литар за бензините од 95 и 98 октани. Со тоа дизелот би се движел околу 91 денар, а бензините меѓу 78,50 и 80,50 денари, зависно од продажното место.

Новите цени доаѓаат по намалување на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, бензините бележат пад од 1,806 проценти, дизелот од 9,605 проценти, екстралесното масло од 8,205 проценти, а мазутот од 6,515 проценти.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови