| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Сиљановска-Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ
„Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28 држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон туку и реалност.“
Сиљановска-Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ
Сиљановска-Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ / Other

Доаѓам како пријател кај пријатели, дури и како брат во една братска држава и благодарам поради тоа. Нашите две држави ги поврзува искрено пријателство, заемна почит, а нашите билатерални односи се пример за доброседска соработка во регионот, изјави претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на заедничката прес-конференција во Вила Водно со неговиот домашин, претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Милатовиќ, кој е во официјална посета на државава, нагласи дека двете држави ги поврзува и длабоката историска блискост потврдена со меѓусебна солидарност и поддршка.

Испраќаме пораки за регионална соработка и добрососедска поддршка. Го цениме фактот дека Северна Македонија беше меѓу првите држави што ја признаа Црна Гора и тоа стана цврст темел за развој на нашите билатерални и диплматски односи, нагласи Милатовиќ.

Шефот на црногорската држава кажа дека посебно место зазема европската перспектива на двете држави, при што Црна Гора силно го поддржува европскиот пат земјава.

„Во нас оваа држава секогаш ќе има сојузник и полна поддршка. Имаме цел да станеме 28 држава членка на ЕУ и со тоа да покажеме дека европската перспектива на овој регион не е само сон туку и реалност“, потенцира Милатовиќ.

Претседателката Сиљановска Давкова од своја страна истакна дека со нејзиниот колега потврдиле дека се извонреден пример на регионало добрососедство, добар пример на соработка и внатре во рамки на НАТО, а денешната средба уште повеќе ја зацврствува довербата.

„Она што за двајцата беше ново, е потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу младинските совети и очекувам овој меморандум да внесе свежина и креативност во нашите односи“, рече Сиљановска Давкова.

Таа истакна дека заедничка визија е стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, а Самитот ЕУ-Западен Балкан, како што рече таа, што ќе се одржи во Црна Гора, е доказ дека прашањето за членство на регионот не е само прашање врзано за иднината, туку прашање што треба и може да стане реалност.

„Целосната интеграција на целиот Балкан е неопходна за навистина ЕУ да биде заедница што инспирира и што е целосна. Регионалната соработка е не само наша обврска туку е и право и дека меѓусебната поддршка на земјите од Западен Балкан за мене е императив. Ако не се почитуваме, разбираме меѓусебно сами си го отежнуваме патот кон ЕУ“, потенцира Сиљановска Давкова.

Таа исто така се согласи со Милатовиќ дека економската соработка мора да се зголеми, особено во секторите на градежништвото, туризмот, енергетиката, а исто така и во повторно отворање авио линија Скопје – Подгорица или Скопје – Тиват.


ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Владата ги ограничи маржите на ѓубривата заради стабилизација на цените
Средба Минчев-Буноза во Будва: Во фокусот продлабочување на соработката
Сиљановска-Давкова: Со Радев ќе трагаме по ново решение за билатералниот спор
Мицкоски: Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, дава конкретни резултати
Од полноќ поевтинуваат и бензините и дизелот
Муцунски-Шакалиев: Подготвеност за продлабочување на економската соработка
Косово ја прогласи Иранската револуционерна гарда за „терористичка организација“
Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
Турско-македонските трговски односи и потенцијалот за раст дискутирани на АДФ
Муцунски: Дипломатските напори на Туркије предводени од Ердоган и Фидан од големо значење
Претставници од земјите на Западен Балкан на АДФ: Доверба и поврзаност за обезбедување траен мир
Фидан домаќин на состанокот на Балканската мировна платформа на Дипломатскиот форум во Анталија
Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта
Средба на европските градоначалници во Скопје
Муцунски-Прево: Белгија силно ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ
Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за „Пошта“
Пелеши-Гаши: Напредокот на Албанија кон европското семејство позитивен сигнал за земјите од Западен Балкан
МЕРМС: Усвоен националниот план за енергија и клима 2025 - 2030
Дизелот поевтинува за 2,5 денари за литар, а бензините за 1,5 денар за литар
Црногорските превозници почнаа блокада на товарниот сообраќај на граничните премини