Над 11 милиони туристи ја посетија Албанија во првите 10 месеци од 2025 година. Ова го објави министерот за туризам, култура и спорт на Албанија, Бленди Гонџја, во објавата на социјалните мрежи.
„Албанија пречека 11.137.328 странски посетители од јануари до октомври 2025 година или 7 проценти повеќе отколку во истиот период во 2024 година“, напиша Гонџја, нагласувајќи дека само во октомври 2025 година биле регистрирани 908.642 посетители.
„Темпо што ја демонстрира трансформацијата на целогодишниот туризам, оставајќи го зад себе сезонскиот модел и потврдувајќи ја Албанија како одржлива и привлечна дестинација во развој во секоја сезона“, додаде тој.
Владата на Албанија е фокусирана на развој на туристичкиот сектор и, според премиерот Еди Рама, „во 2030 година Албанија ќе биде балкански шампион во туризмот“.



















