Најмалку 13 лица загинаа, а петмина се повредени во напад врз патнички воз во украинскиот град Днепар, соопштија регионалните власти.
Медицинскиот персонал им ја укажува потребната помош на повредените, изјави Олександр Ханжа, шеф на Регионалната воена управа на Днипропетровск.
Украинскиот национален железнички оператор соопшти дека беспилотно летало со млазен погон удрило во перон на железничката станица во Днепар, каде што бил запрен воз што сообраќал кон Запорожје.
До моментот на објавување на информација Русија немаше дадено коментар за инцидентот.



























