| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Гутереш: Прекинот на огнот во Газа не донесе безбедност, поребна е целосна посветеност
Обединетите Нации повикуваат на траен прекин на борбите и на хуманитарна помош од големи размери, во пресрет на годишнината од 7 октомври.
Гутереш: Прекинот на огнот во Газа не донесе безбедност, поребна е целосна посветеност
United Nations Secretary-General Antonio Guterres addresses the 81st United Nations General Assembly at UN headquarters in New York City, US.

Прекинот на огнот во Газа не успеа да обезбеди стабилност или соодветна хуманитарна помош, предупреди денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повикувајќи ги сите страни целосно да ги исполнат своите обврски за постигнување траен мир.

„Минатогодишниот прекин на огнот донесе одредено олеснување. Но, тој сè уште не обезбеди безбедност, соодветна хуманитарна помош или веродостоен пат кон закрепнување и мир“, изјави Гутереш во соопштението по повод одбележувањето на тригодишнината од почетокот на ескалацијата.

Првиот човек на ОН ги повика сите страни да преминат кон следните фази од примирјето врз основа на Сеопфатниот план за ставање крај на конфликтот во Газа, нагласувајќи: „Време е прекинот на огнот да стане траен. Време е да се овозможи хуманитарна помош во голем обем. И време е да се почитува меѓународното право“.

Осврнувајќи се на корените на конфликтот, Гутереш ги осуди нападите од 7 октомври 2023 година, истакнувајќи дека палестинските вооружени групи убиле повеќе од 1.200 луѓе во Израел и зеле 251 заложник.

Гутереш нагласи дека воените операции што уследиле предизвикале „неискажливо страдање“ за Палестинците во Газа преку масовни смртни случаи, раселување и катастрофално уништување.

Повикувајќи на итен крај на страдањето на цивилите во Газа, Гутереш повтори дека меѓународната заедница мора да воспостави веродостоен политички пат што ќе им овозможи на Израелците и Палестинците да живеат едни покрај други со еднакви права и достоинство.

Од октомври 2023 година, војната на Израел во Газа однесе животи на повеќе од 74.000 Палестинци и повреди над 175.000 други, според палестинските податоци, при што е уништена околу 90% од инфраструктурата на енклавата.

Израелската армија уби 1.454 Палестинци и повреди 5.090 други откако прекинот на огнот стапи на сила на 10 октомври 2025 година, според Министерството за здравство на Газа.

Повеќе
Израелски министер рече дека доколку Египет го нападне Израел, „нема да го има Синај“
Гутереш: Прекинот на огнот во Газа не донесе безбедност, поребна е целосна посветеност
Двајца загинати во Москва по ноќните напади со дронови
Нов упад на израелските сили во сириска Кунејтра
Трамп: Имаме многу добри односи со Србија
Процена на ЦИА: Постои ризик од граѓанска војна во Израел и распад одвнатре
Трамп одобри смртна казна со стрелање за напаѓачот од Форт Худ
Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои го блокираа косовското Собрание
Палестинец убиен, петмина повредени во напади на израелската армија и доселеници на Западниот Брег
Одбранбената алијанса од Мека го активира колективното одвраќање против нападите на Хутите
Франција: Средношколец остана без дланка од шок граната во судирите со полицијата
Шпанскиот премиер Санчез распиша предвремени избори
Туркије остро ги осуди активностите на Израел во сириската покраина Кунејтра
Ердоган: Туркије нема да се откаже од своите вселенски амбиции
Сијарто негира коруптивна поврзаност со инвестициите на кинески Би-Вај-Ди