| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август
Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот.
Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август
Се воведува целосна забрана за движење во шума од 1 јули до 31 август / Reuters
27 јуни 2025

Од 1 јули до 31 август годинава се воведува целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми".  Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми" -Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат управуваат.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информираат од ЈП „Национални шуми" - Скопје, денеска согласно член 57, став 3, дало согласност за Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште што ќе стапи во сила од 01.07.2025 и ќе трае до 31.08.2025 година.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, се изрекува глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште не важи за вработените во ЈП „Национални шуми"-Скопје и подружниците, како и за вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Државниот инспекторат за шумарство и ловство (ДИШЛ), субјектите што вршат шумскостопански активности сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми" - Скопје, припадниците на ловочуварската служба и службени лица од корисниците дивеч во ловиштата кои вршат работи за корисникот на дивеч во ловиштето и на лица кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми" - Скопје.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми" кои вршат дејност заштита, Шумска полиција, МВР и ДИШЛ.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Медиуми: Иран го започна најголемиот ракетен напад од почетокот на војната
Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот
Во Скопје одржан Самит на верските заедниции на Балканот
Трамп: Новото раководство на Иран бара прекин на огнот
Германија ги намалува загриженостите околу заканата на Трамп за напуштање на НАТО
Мицкоски: Состојбата со горивата е стабилна, струјата нема да поскапи
Ердоган: Израел првенствено е одговорен за незаконската војна со Иран
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Техеран има 4 барања до САД и Израел за постигнување траен мир на Блискиот Исток
Иран ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони стационирани на аеродромот во Софија
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран