| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Иран ги повикале САД на преговори, тврди Вашингтон
Иранските власти се насилни, не знам дали иранските лидери едноставно владеат преку насилство, но ние го разгледуваме тоа многу сериозно, американската војска го разгледува тоа и ние разгледуваме некои многу силни опции, рече Трамп
Иран ги повикале САД на преговори, тврди Вашингтон
Иран изгледа како да почнa ја преминува црвената линија кога станува збор за убивање демонстранти, изјави Трамп / Reuters

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека иранските власти испратиле покана до Соединетите Американски Држави за преговори, додека тој размислува, како што изјави, за „многу силна“ воена акција против иранскиот режим поради неговите смртоносни мерки против демонстрантите.

„Тие се јавија вчера. Иран се јави на преговори. Лидерите на Иран сакаат да преговараат. Мислам дека се уморни од американските напади. Иран сака да преговара со нас“, рече Трамп синоќа, објави денес Си-Ен-Ен.

Трамп истакнал дека неговата администрација ги следи смртоносните протести во Иран и продолжува да ја разгледува можноста за воена интервенција.

„Се чини дека се убиени некои луѓе кои не требало да бидат убиени. Иранските власти се насилни. Не знам дали иранските лидери едноставно владеат преку насилство, но ние го разгледуваме тоа многу сериозно. Американската војска го разгледува тоа и ние разгледуваме некои многу силни опции“, рече Трамп во разговор со новинарите во претседателскиот авион.

Кога беше прашан дали Иран ја преминал „црвената линија“ што Трамп претходно ја поставил кога станува збор за убивање демонстранти, тој рече дека „изгледа како да почнуваат“.

На прашањето како би реагирале САД доколку Иран ги нападне американските воени бази, Трамп одговори: „Ќе ги нападнеме како никогаш досега“.

Трамп, исто така, потврди дека неговата администрација би можела да разговара со Илон Маск за давање пристап на Иранците до Старлинк, сателитската интернет услуга на Маск, бидејќи интернет-врските се прекинати во Иран веќе неколку дена.

Коментарите на Трамп дојдоа неколку дена откако американскиот претседател им рече на новинарите дека Америка ќе интервенира ако Техеран продолжи да користи смртоносно насилство врз демонстрантите.

Си-Ен-Ен објави во неделата дека Трамп разгледува различни опции за интервенција, од воени напади до нови санкции против клучните личности во иранскиот режим.

Си-Ен-Ен претходно објави дека во американската администрација постои загриженост дека воените напади би можеле да ги поткопаат протестите во Иран, потврдувајќи дека Трамп разгледува низа потенцијални воени опции во Иран и дека бил информиран за различни планови за интервенција во последните денови.

Повеќе
Хезболах ги отфрла преговорите меѓу Либан и Израел под покровителство на САД
Данска ги заострува правилата за дозволи за престој за Украинците
Туркије ќе испрати два воени авиони со екипи за пребарување и спасување во Венецуела
Израелските воени авиони извршија напади врз Либан и покрај преговорите во Вашингтон
Туск: Земјите кои граничат со Русија мора да се подготват за ескалација
Уште осум јужнокорејски бродови го напуштија Ормускиот теснец по договорот САД – Иран
Нов сомнителен случај на птичји грип откриен во Западна Австралија
Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 235, а повредени се уште 4.300
Северна Кореја тестира подобрени ракети и артилерија
Србија ги зголемува казните за нелегално поседување огнено оружје
Романскиот парламент „преќутно“ го усвои законот за обединување со Молдавија
Израелската армија останува на окупираните територии во Газа, Либан и Сирија
Мерц ја повика Русија да влезе во мировни преговори и да ја замрзне линијата на фронтот во Украина
Европа ќе биде се почесто погодена од екстремни временски непогоди
Кина ги повика САД да се воздржат од официјална комуникација со Тајван