| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Мисајловски: Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемува за 10% од 1 јануари 2027
Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност, тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата, рече министерот за одбрана
Мисајловски: Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемува за 10% од 1 јануари 2027
Михајловски рече дека буџетот поминал на владината седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 2027 година

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027 година, најави денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

„Ова е историско најголемо зголемување во апсолутна вредност. Тоа значи дека се зголемува основната плата, но и сите компоненти што се опфатени во платата. Јас многупати ветив дека ќе работам заедно со синдикатите на Армијата оваа институција да биде најдобрата во државата, а со овој чекор според примањата навистина стануваме една од најдобрите институции во државата“, рече министерот Мисајловски.

Со новиот буџет, додаде тој, се опфаќа сè она што е потребно за следната година, но и зголемување во тотална вредност на буџетот.

Михајловски рече дека буџетот е поминат на владина седница, а во делот на одбраната се предвидува да изнесува 2 милијарди денари повеќе за 2027 година.

Потпретседателот на Независниот синдикат на одбраната, Синиша Станчевски, истакна дека синдикалниот дијалог дава резултати и дека како репрезентативен синдикат горди се на достигнувањата во изминатиот период.

„Со помош на министерот и премиерот успеавме да овозможиме 10-процентно зголемување на примањата од 1. јануари. Исто така, успеавме на [професионалните војници] кои наполнуваат 45 години старост да им овозможиме достоинствено да останат во Армијата. Овие реформи не би можеле да бидат без залагањето на министерот и мислам дека со вакво работење ќе успееме да имаме и подобри достигнувања“, рече Станчевски.

Аднан Алити од Независниот синдикат на професионални војници, пак, порача дека станува збор за „историски чин.“

Алити додаде дека покачувањето на платите и реформата која опфаќа можност за продолжување на работниот однос на професионалните војници во рамките на Армијата, се две значајни придобивки, како и дека во моментов се работи на новиот Колективен договор со кој вработените ќе уживаат уште поголеми права.

Повеќе
Израелскaтa опозициja го предлoжи Ајзенкот за премиер, ветува формирање Влада на национално единство
Рама: Србија останува затворена за признавање на Косово
Аселсан склучи договор вреден 1,1 милијарда долари за извоз на системи за противвоздушна одбрана
Првата дама на Туркије ги истакнала историските врски со Јужна Кореја за време на посетата на Сеул
Сиљановска-Давкова од Брисел: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински и рамноправен
Мисајловски: Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемува за 10% од 1 јануари 2027
Славески: Се подготвува исплата на пензиите на 3.500 пензионери без платежни картички во АЛТА банка
Министерството за правда на САД ќе ги следи изборите во сите 50 држави за првпат
Авион кој полетал од Израел принудно слета во Софија по заканувачка е-маил порака
Катар: САД и Иран ги разгледуваат предлозите со цел постигнување договор
Украинскиот претседател во посета на Берлин на разговори со Мерц
Ердоган: Разговаравме за постигнување на целта од 15 милијарди долари размена со Јужна Кореја
Неколку училишта блокирани низ Франција, илјадници луѓе се очекува да се приклучат на протестите
Виткоф: САД ќе посредуваат во разговорите меѓу Русија и Украина на 10 и 11 ноември
Израел заплени над 26 дунуми палестинска земја на окупираниот Западен Брег