| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дневната заштеда со владината мерка за горивата е над 200.000 евра
Регулаторната комисија за енергетика го промени начинот на формирање на цените на горивата за да може да свикува и вонредни седници во текот на неделата ако има промени во даноците или други давачки што директно влијаат врз малопродажните цени
Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дневната заштеда со владината мерка за горивата е над 200.000 евра
Со намалениот ДДВ, очекувањата се бензините да се задржат на приближно исто ниво, додека растот кај дизелот би требало да е ублажен / Others

Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200.000 евра, а неделно се очекува да биде 1,5 милион евра, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој додаде дека состојбата се следи многу внимателно, оти има уште неколку мерки па граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски напомена дека земјава моментно има убедливо најниска цена на дизелот и на безоловното гориво во споредба со која било земја од регионот, а потрошувачката е зголемена за речиси 150.000 литри на ден.

Според премиерот, многу граѓани од соседните држави полнат гориво на нашите бензински пумпи. Притоа притисокот е најголем на западната (Охрид, Струга, Дебар), јужната (Битола, Гевгелија) и на северната (Куманово) граница.

Мицкоски потенцира и дека Владата во однос на горивата одлучила да преземе поробусна интервенција, која, како што објасни, ќе спречи драматично поскапување, кое би удрило врз стандардот на граѓаните.

„Имаме предизивци, но електроенергетската состојба е исклучително стабилна и снабдувањето со нафта и нафтени деривати е исклучително стабилно. Во овој момент ги задоволуваме домашните потреби. Како земја имаме најниски давачки кон Владата кога станува збор за бензините и дизел-горивото. Правевме анализа, имајќи ги предвид цените на берзите, и дојдовме до заклучок дека ако интервенираме во акцизите, тогаш намалувањето за безнините ќе беше еден денар за литар, а за дизелот два денара. Затоа се одлучивме за поробусна интервенција, со која се намалуваат цените за 6,5-7 денари за литар. Сакавме поробусна интервенција за веднаш да почувствуваат граѓаните, да нема драматично зголемување, кое би удрило врз стандардот“, напомена Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во општина Тетово.

Тој потсети дека на вчерaшната седница Владата донесе одлука да прогласи кризна состојба од 30 дена и да го намали ДДВ-то на горивата од 18 на 10 отсто.

„Ние сме една од ретките влади во Европа кои директно од буџетот го поддржуваат стандардот на граѓаните и така ќе продолжиме. Тоа за нас е најголем интерес и приоритет и тоа е целта на една народна влада како оваа“, истакна премиерот.

Досега, информира, не е реализиран разговор со раководството на „Окта“.

„За тоа е задолжена министерката за енергетика. До овој момент немам информација дека е реализиран тој разговор. Очекувам денеска тоа да се разлизира и очекувам разбирање од „Окта“. Сега се моментите да си помогнеме едни на други“, порача Мицкоски.

Регулаторната комисија за енергетика, пак, повторно го менува начинот на формирање на цените на горивата, отворајќи простор за побрзи реакции на пазарните и даночните промени.

Со најновите измени на Правилникот, донесени денес, РКЕ овозможува покрај редовните одлуки што се носат секој понеделник, да може да свикува и вонредни седници во текот на неделата – доколку има промени во даноците, таксите или другите давачки што директно влијаат врз малопродажните цени.

Измените покажуваат дека досегашниот модел, според кој цените се утврдуваа еднаш неделно врз основа на просечните берзански движења и курсот на доларот, не е доволно флексибилен во ситуации кога државата интервенира со даночни мерки.

Последната редовна одлука на РКЕ (16 март) ги утврди цените на 86,5 денари за Еуросупер 95, 88,5 денари за Еуросупер 98 и 92 денари за дизел. Со намалениот ДДВ, очекувањата се бензините да се задржат на приближно исто ниво, додека растот кај дизелот би требало да е ублажен.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови